Мароканец направи скандал во Франција: Во мојот дом жените не зборуваат така

Играчот на Тулуз, Закарија Абухлал, предизвика скандал во Франција откако навреди локална политичарка.

L'Équipe пишува дека мароканскиот играч од средниот ред за време на прославата за освојувањето на Куп де Франс ја навредил Лоранс Арибаж, спортска асистентка во градската управа на Градот Тулуз. Имено, проблемот настанал кога тренерот на тимот, Филип Монтанје, држел говор на свечениот прием кај градските власти. Играчите биле прилично гласни, а Арибаж ги замолила да се стишат. Нејзината молба не ја прифатил добро Абухлал.

„Во мојот дом жените на зборуваат така со мажите“, дофрлил Мароканецот.

Арибаж подоцна се обидела да ја намали штетата од инцидентот.

„Играчите баш и не сакаат некој да ги стишува на тајков начин...“, рече таа.

Без разлика на тоа, Тулуз го суспендираше својот играч.

„Со оглед на сериозните обвинувања против играчот на фудбалскиот клуб Тулуз, Закарија Абухлал, клубот објавува дека играчот ќе тренира одвоено од професионалниот дел сѐ до дополнително известување, во очекување на резултатите од внатрешната истрага“, беше објавено на официјалната веб-страница на клубот.

Финалето на францускиот куп се одигра на 29 април на стадионот „Стад де Франс“ во Сен-Дени, а пред 78 илјади гледачи Тулуз убедливо со 5:1 го победи Нант.

Да потсетиме, Абухлал е репрезентативец на Мароко и беше дел од големиот успех на Мундијалот во Катар. Во фазата по групи ѝ даде гол на Белгија. Роден е во Холандија од татко Либиец и мајка Мароканка. Беше младински репрезентативец на Холандија пред во 2020 година да одлучи да игра за Мароко, иако го бараше и Либија. Како што во една прилика кажа, го одбрал Мароко затоа што израснал помеѓу мароканската заедница во Холандија.

Абухлал од порано е познат по своите прилично затворени ставови. Се „прослави“ кога одби да игра за свој поранешен тим на 17 мај, кога е светскиот ден на борбата пртотив хомофобијата, ден кој има за цел подигнување на свеста за правата на ЛГБТ заедницата. Пред Тулуз, каде дојде летото 2022, настапуваше за АЗ и ПСВ.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе