Maserati го претстави новиот GranCabrio

Maserati конечно го претстави новиот GranCabrio, „братот“ на моделот GranTurismo, кој дебитираше во 2022 година.

Станува збор за кабриолет 2+2, кој првично се нуди со моќниот Nettuno V6 мотор во пакетот опрема на Trofeo, но понудата во блиска иднина ќе биде проширена со воведување на целосно електрична верзија Folgora.

Некои ќе речат дека Maserati GranCabrio изгледа попривлечно во споредба со GranTurismo благодарение на неговиот кабрио дизајн. Опремен е со покрив од мека ткаенина, кој може да се контролира преку екранот на инфозабавниот систем или со едноставни гестови. Покривот се преклопува за 14 секунди дури и при брзина до 50 км/ч.

Дизајниран за оптимална удобност, мекиот покрив нуди исклучителна топлинска и звучна изолација и е достапен во пет различни бои.

Поголемиот дел од каросеријата на кабриолетот е заеднички со моделот GranTurismo, но задниот дел е редизајниран и содржи неколку уникатни естетски детали.

Истото важи и за внатрешноста во конфигурацијата 2+2, дигиталниот кокпит се состои од 12,2-инчна табла со инструменти, опционален head-up дисплеј и 12,3-инчен екран на допир за инфозабавниот екран, а има и 8,8-инчен екран осетлив на допир наменети за контроли за климатизација. Автомобилот е опремен со звучен систем Sonus Faber со 13 звучници во стандардна форма, но можно е да се добијат до 16 звучници во опционалниот систем за напојување од 1.060 W.

За да го направи возењето со отворен покрив уште попријатно, Maserati GranCabrio стандардно доаѓа со грејачи на вратот за возачот и совозачот, нудејќи три нивоа на интензитет. Опционално има и ветробранско стакло кое ги намалува турбуленциите во кабината.

Автомобилот на фотографијата е обоен во темносина боја, додека во внатрешноста доминира црвената боја. Опремен е со пакетот Trofeo, што значи дека има поспортски браници, многу јаглерод и комплет црни бандажи со повеќе краци.

Под хаубата се наоѓа 3.0-литарскиот V6 Netuno твин-турбо мотор на Maserati, кој развива 550 КС и 650 Nm вртежен момент во најмоќната конфигурација. Спарен е со 8-степен автоматски менувач преку кој силата се пренесува на задните тркала. Кабриолетот е потежок за 100 кг, што влијаеше на перформансите, па од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,6 секунди, а максималната брзина е 316 км/ч.

Се очекува Maserati да го понуди GranCabrio со послаба верзија на V6 моторот, кој ќе испорачува 490 КС и 600 Nm вртежен момент, а официјално е потврдено и доаѓањето на целосно електричниот модел GranCabrio Folgore. Тој електричен модел ќе го придвижуваат и три електромотори како GranTurismo Folgore со комбинирани 761 КС.

Цените за новиот GranCabrio Trofeo ќе бидат објавени во наредниот период.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе