Медали за граѓаните кои ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19

Живееме во време и состојба кои не сме можеле да ги замислиме ни во најлудите соништа, ни да им ги посакаме ни на најлошите непријатели. Време кое покажа дека самите сме си најлоши непријатели.

Сите различно ги поднесуваме информациите, неизвесноста, стравот поврзани со пандемијата и немаме сите ист праг на толеранција кога станува збор за слободата на движење или потребата од блиска социјализација. Ама тоа важи во нормални времиња, не во вонредни. Прилагодливоста на условите е највисок знак на интелигенција, па прилагодувајте се паметно.

За сите оние кои очекуваат да бидат пофалени, потапкани, наградени, одликувани, величани за тоа што седат дома, носат маска, држат растојание од 2 метри и мијат раце, најновата информација е дека медали ќе има. Освен тоа што министерот за здравство ве вика херои, сега ќе може и да покажете доказ колку сте биле храбри за време на пандемијата на COVID-19.

Медал ви е што сте живи и здрави.

Медал ви е што можете да се гушкате барем со луѓето со кои живеете во ист дом.

Медал ви е што не се плашите дека сте заразни и дека ќе ги заразите децата, партнерот, родителите, браќата, сестрите, снаата, цимерот... кога се враќате од прошетка на сонце.

Медал ви е што можете мирно да спиете ако ја имате привилегијата да работите од дома, а не сте здравствен работник, текстилен работник, вработен во маркет, возач во ЈСП или работите некоја друга работа за која мора да излезете од дома и да бидете во контакт со други луѓе.

Медал ви е што не сте заразени и не мора да живеете во една соба додека некој друг за вас пазари, ви прави за јадење, се грижи за вас бидејќи вие не можете и не смеете да излезете од дома.

Медал ви е што не сте позитивни на вирусот и не живеете во страв дека ќе ги заразите сите дома кога одите во веце (со оглед на тоа дека повеќето семејства и заедници во земјава живеат во живеалишта со едно веце/бања).

Медал ви е што можете да излезете да прошетате, на безбедна дистанца и да го почувствувате пролетниот ветер, бидејќи не сте болни или носители на вирусот.

Медал ви е што ќе може да раскажувате како ја поминавте пандемијата.

А бидејќи Олимписките игри се откажани, а на Запад сѐ е подобро и кај нас ништо не чини, по американски модел  - за сите ќе има медал за учество.

*Авторот на текстот е интроверт и тоа не влијаеше врз расудувањето при пишувањето на овој текст.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе