Меѓународната вселенска станица повторно избегнуваше руски вселенски отпад

Меѓународната вселенска станица (МВС) мораше повторно да ги активира погоните неделава за да избегне руски вселенски отпад.

МВС ги активираше погоните во период од пет минути и пет секунди за да го изведе маневарот за избегнување на однапред утврдени остатоци, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Маневрот беше изведен на 24 октомври и е последен во низата случаи кога МВС мораше да го избегне сè поголемото количество вселенски отпад во орбитата. Овој проблем се влоши минатата година кога Русија разнесе еден од своите нефункционални сателити за време на тестирање на оружје.

НАСА соопшти дека МВС ја сменила висината за 322 метри на 1,3 километри, а без овој маневар, рускиот вселеснки отпад ќе дојдел на оддалеченост од 4,8 километри од МВС.

Маневрот е изведен поради фрагменти од рускиот сателит Космос 1408 кој беше уништен во ноември 2021 година, а НАСА тврди дека тогаш биле создадени 1.500 фрагменти. Потоа, САД го осудија тестот за оружје поради драматичното зголемување на вселенскиот отпад и Кеслеровиот синдром. Станува збор за тоа дека, кога малите парчиња отпад се судираат едни со други, се создаваат уште повеќе фрагменти и се зголемува можноста за нови судири.

Русија не е единствената критикувана, бидејќи на удар е и Кина, чие јадро на ракетата Long March 5 стана опасен вселенски отпад што може да падне на населено место.

SpaceX исто така беше критикуван од астрономската заедница за неговата мега констелација на сателити.

НАСА е многу внимателна и прави маневри за да нема ризик од судир. Маневрите исто така се прекинуваат кога има 1:100.000 шанси мало парче вселенски отпад да ја погоди МВС. Американското Министерство за одбрана и НАСА го следат и класифицираат вселенскиот отпад користејќи ги нивните глобални сензори на мрежата за надзор на вселената.

Вселенскиот отпад станува голем проблем, а податоците на НАСА покажуваат дека во орбитата има околу 25.000 фрагменти поголеми од 10 cm и околу 500.000 фрагменти со големина меѓу 1 и 10 cm. Овие фрагменти патуваат во орбитата со брзина на куршум.

НАСА вели дека МВС треба да може да издржи удар од фрагмент од 1 сантиметар. МВС обично се преместува еднаш годишно за да избегне вселенски отпад, но тој број веројатно ќе се зголеми во наредните години бидејќи проблемот со вселенскиот отпад продолжува да расте. МВС ги активираше погоните и во јуни оваа година.

Во последниве години, НАСА се потпираше на Русија кога станува збор за заобиколувачки маневри, но од јуни оваа година може да го користи роботското товарно возило Cygnus за ова.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе