Меѓународната вселенска станица успешно избегна руски отпад

Меѓународната вселенска станица повторно мораше да изврши маневри за да избегне орбитален вселенски отпад кој потекнува од неодамнешно тестирање на руско антисателитско оружје.

Маневрирањето е извршено во четвртокот за да се избегнат остатоци од уништениот сателит Космос 1408. Руската вселенска агенција Роскосмос го употреби товарниот вселенски брод Прогрес 81 кој е споен со Станицата за да ја помести целата орбитална лабораторија. Роскосмос објави снимка од маневарот на социјалните мрежи.

Шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин во март изјави дека Станицата може да пропадне поради санкциите од Западот. Во врска со најновиот случај, Рогозин соопшти дека е објавен непланиран маневар за да се спречи опасно доближување од фрагменти.

Од друга страна, американската вселенска агенција НАСА објави дека маневарот бил превентивна мерка.

„Екипажот не беше во опасност ниту маневарот имаше влијание на операцијата на Станицата. И без маневарот се предвидуваше дека фрагментите ќе минат покрај Станицата на оддалеченост помала од километар“, стои во соопштението.

Но, вселенскиот отпад е проблем кој  расте бидејќи количината се зголемува со забрзано темпо по лансирањата на компанијата SpaceX за потребите на Starlink мрежата.

Кога Космос 1408 бил уништен на 15 ноември 2021 година, се создале околу 1.500 парчиња вселенски отпад.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе