Пред почетокот на автомобилскиот саем во Минхен, Mercedes го покажа моделот EQE кој ќе ја има официјалната премиера на овој саем.
Mercedes EQE ќе биде електричен ривал на Tesla Model S и Audi A6 e-tron. Новата електрична лимузина на Mercedes е долга 4.934 mm, a меѓуосовинското растојание е дури 3,1m, што гарантира восок комфор во патничката кабина.
Батеријата има капацитет од 90,6 kWh, a eлектромоторот со моќност од 215 kW (292 КС) и максимален вртежен момент од 530 Nm ги движи задните тркала. Подоцна, ќе се појави и верзија со погон на четири тркала.
Mercedes EQE може да помине 660 километри со едно полнење на батеријата. Производството започнува во втората половина на наредната година во погонот во Бремен, а цената уште не е објавена.