Меркел до имигрантите: Не мора да се викате Клаус или Ерика за да бидете Германци

Б.С.Б.
/ 31.08.2021 / 20:38

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека имигрантите кои се доселуваат во Германија се Германци и покрај нивните имиња кои звучат како да припаѓаат на странци, пренесе Reuters.

Меркел зборуваше на церемонијата на одбележувањето на 60-годишнината од потпишувањето на договорот меѓу Германија и Турција, со кој се доведени стоици илјади Турци во Германија како работна сила во текот на 60-тите години.

Во таа прилика германската канцеларка ја критикуваше честата навика на Германците да ги прашуваат Турците родени во Германија од каде доаѓаат.

„Имиграцијата не може да биде напор на седум генерации кој никогаш не завршува едноставно затоа што не се виакте Клаус или Ерика. Прашање е колку долго личноста која очигледно нема германско име мора да се интегрира пред да биде интегрирана. Мислам дека секој би требал да има шанса на крајот кога ќе добие германско државјанство, да се смета како дел од оваа земја и тука името не треба да игра улога“, порача канцеларката.

Во 2015 година Меркел донесе одлука Германија да прифати скоро милион баратели на азил, повеќето од Сирија и Ирак. Оваа одлука донесе меѓународни пофалби, но предизвика критики во нејзината земја.

Германската сојузна агенција за вработување процени дека на Германија се потребни околу 400.000 мигранти годишно поради недостаток на работна сила.

Германија вложи милијарди долари во курсеви за јазици и обука за да им помогне на имигрантите да влезат на пазарот на труд, учејќи од грешките со турските работници кои немаа никаква помош да го научат јазикот и да ги унапредат вештините.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе