Меркел и Бајден: Германија и САД заеднички ќе се спротивстават на руската агресија

Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија вчера дека заедно ќе се спротивстават на агресијата на Москва и антидемократската акција на Пекинг.

На почетокот на своето обраќање, американскиот претседател изрази сочувство за последиците од поплавите во кои загинаа и исчезнаа десетици луѓе во Германија и неколку европски земји.

Бајден рече дека ја пренел својата загриженост до германскиот канцелар заради изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

„Добрите пријатели не мора да се согласуваат за сè“, рече американскиот претседател.

САД тврдат дека проектот ја загрозува европската енергетска безбедност, бидејќи тоа подразбира потпирање на континентот кон руски гас, што може да му овозможи на Кремљ да изврши притисок врз одредени земји во Источна и Централна Европа.

Ангела Меркел посочи дека двете земји се за слободни демократски општества, зборувајќи за германскиот и американскиот став кон Кина.

„Начините на кои се справуваме со Кина се засноваат на вредностите што ги споделуваме со САД. Ние споделуваме меѓусебно разбирање дека Кина е наш конкурент“, рече Меркел.

Во врска со проектот за гасоводот „Северен поток 2“, канцеларката Меркел рече дека тоа е тема на која двете страни, како што рече, имале различни проценки.

„Нашите ставови се разликуваат. Германија ја смета Украина за транзитна земја“, рече Меркел.

Таа исто така посочи дека успешната борба против пандемијата значи најголем можен број на вакцинирани граѓани во одвете земји. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе