Меркел: На Балканот се постигна многу, но треба уште многу да се работи

Германската канцеларка Ангела Меркел заклучи, по конференцијата за Западен Балкан како дел од т.н. Берлински процес, дека многу е постигнато во овој регион на Европа во последно време, но и дека остануваат многу отворени прашања.

„За многу земји од Западен Балкан, брзината на приближување кон Европската Унија е премногу бавна. Европската Унија повеќе пати имаше забелешки за брзината на реформите, што од гледна точка на земјите кои водат преговори е неоправдано“, рече Меркел по т.н. виртуелна конференција. Берлинскиот процес за Западен Балкан, во кој, покрај шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), учествуваа и претставници на Европската Унија и институциите на ЕУ.

Таа, повлекувајќи некаков биланс на состојба по 16 години на канцеларската позиција, заклучи дека многу се постигнало на Балканот за време на нејзиниот мандат, но дека треба уште многу да се работи.

Меркел додаде дека ќе биде потребно многу повеќе „трпеливост и посветеност“ во регионот.

Таа посочи дека лансирањето на т.н. Берлински процес, инициран од самата Меркел, пред седум години даде нова енергија за промена меѓу земјите од Западен Балкан.

„Покрај процесот на преговори за членство во Европската Унија, Берлинскиот процес работи паралелно и на зајакнување на соработката меѓу земјите од регионот“, рече канцеларката и ги истакна досега остварените инфраструктурни проекти, како и проектите во склоп на граѓанското општество кои би требало да го водат зајакнувањето на соработката меѓу земјите со цел подобра подготвеност за членство во ЕУ.

Таа исто така го спомна неодамнешното укинување на роамингот меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и најави дополнителна помош за земјите од регионот за надминување на последиците од пандемијата.

Меркел истакна дека само Германија ќе испрати три милиони дози вакцини против коронавирус во регионот како дел од програмата Ковакс, „што е можно побрзо“.

„Во примарен интерес на Европската Унија е да ги зајакне процесите на соработка и кооперација во регионот со цел да се надминат поделбите“, рече Меркел.

Германската канцеларка ги наведе и геостратешките причини за зголемената вклученост на ЕУ во регионот на Западен Балкан во последниве години, иако не ги спомна Русија, Кина и Турција, кои најчесто се наведуваат во тој контекст.

Таа посочи и на некои отворени прашања, како што се дијалогот меѓу Србија и Косово, како и прашањето за функционирањето на Босна и Херцеговина.

„Ситуацијата во Босна и Херцеговина не е задоволителна. Потребен ни е нов поттик за изборниот закон и се надевам дека Кристијан Шмит (новиот висок претставник во БиХ) ќе добие поддршка во неговата работа“, рече канцеларката.

Таа тврди дека има отпор од некои членки на ЕУ кога станува збор за проширувањето, но го отфрли тврдењето дека станува збор исклучиво за Франција, како што објавија некои германски медиуми.

„Можам само да истакнам дека Холандија има ограда по ова прашање, а тука е и Бугарија, која го блокира продолжувањето на процесот заради конфликтот со Северна Македонија“, рече Меркел.

Германската канцеларка истакна дека процесот на проширување на ЕУ ќе се дискутира на конференцијата свикана од Словенија како сегашно претседателство со ЕУ на почетокот на октомври.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе