Меркел се откажа од затворањето за Велигден: Згрешив

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повлече одлуката за дополнителни ограничувања што требаше да бидат воведени за Велигден по острите критики за таа одлука, информираа денеска учесниците на состанокот на канцеларката со покраинските премиери.

Меркел им рекла на учесниците на вонредно закажаната средба дека договорот, кој таа и премиерите го постигнаа вчераутро, за мерките што требаше да важат за Велигден, а кои предвидуваа повеќето продавници требаше да бидат затворени и да биде дополнително ограничен бројот на луѓе на семејни средби, нема да се спроведе.

Критиките за договорот беа првенствено дека, и покрај маратонските разговори меѓу канцеларката и покраинските премиери, клучните елементи на договорот всушност останаа нејасни.

Германски бизнисмени и претставници на индустријата тврдат дека за нив е нејасно што всушност значат мерките за затворање на Велигден во пракса.

„Згрешив“, беше цитирана Меркел.

Многумина сметаа дека затворањето од 1 до 3 април ќе беше тешко да се спроведе во пракса.

Засега е непознато дали има алтернативен план за спречување на силниот трет бран на пандемијата на COVID-19.

Федералните и провинциските влади на Германија се согласија да ги продолжат локдаун мерките до 18 април и ги повикаа граѓаните да останат дома пет дена за време на велигденските празници за да го разбијат третиот бран на пандемијата, соопшти канцеларката рано во вторникот.

На разговорите доцна во ноќта, Меркел ги повика лидерите на 16 германски покраини да заземат поостар став во борбата против пандемијата, преиначувајќи ги плановите за постепено отворање на економијата, договорени претходно овојмесец.

Од друга страна, германските граѓани сѐ повеќе се незадоволни од мерките за штедење, а владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Меркел доживува голем пад на популарноста пред изборите во септември.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе