Меси по осмата Златна топка: Задоволство што никогаш нема да ме остави

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) по осми пат во кариерата ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот - Златната топка која се доделува на најдобриот светски фудбалер во изборот на францускиот магазин France Football уште од далечната 1956 година.

Церемонијата на доделувањето на Златната топка 2023 се одржа во театарот „ду Шатле“ во Париз, а Меси славеше пред Норвежанецот Ерлинг Холанд и Французинот Килјан Мбапе.

По освојувањето на Светското првенство со Аргентина минатата година, 36-годишниот играч долго време беше фаворит за овогодинешната награда, и покрај тоа што Холанд го собори рекордот на голови во Премиер лигата и ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Сити.

URL

Одлучувачки фактор за Меси да ја освои осмата Златна топка беше Мундијалот што го освои со Аргентина, а покрај тоа ја освои и француската Лиг 1 и Суперкупот со ПСЖ, постигнувајќи 38 гола и 25 асистенции на 54 натпревари.

URL

„Благодарам на сите што гласаа за мене, на сите луѓе кои ми овозможија да ја освојам оваа награда. На моите соиграчи во репрезентацијата, тренерот и репрезентативците. Честитки за Холанд, Килјан и сите. Беше спектакуларна година“, почна Меси по освојувањето на наградата

„Задоволство што никогаш нема да ме остави и се надевам дека ќе уживам уште многу години. Овој Мундијал беше тиутулата што ми недостасуваше. Благодарам на моето семејство, мојата сопруга која беше покрај мене од почетокот на мојата кариера и која ми овозможи да ги остварам моите соништа. Без неа немаше да успеам“, изјави Меси кој призна дека никогаш не помислил дека ќе има толку блескава кариера.

Меси претходно ја освои Златната топка во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година. Така, Аргентинецот остана играч со најмногу златни топки (8), Кристијано Роналдо има 5, а Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен по 3.

Конечниот пласман за Златната топка 2023:

  1. Лионел Меси (ПСЖ/Интер Мајами)
  2. Ерлинг Холанд (Манчестер Сити)
  3. Килјан Мбапе (ПСЖ)
  4. Кевин Де Брујне (Манчестер Сити)
  5. Родри (Манчестер Сити)
  6. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
  7. Хулиан Алварес (Манчестер Сити)
  8. Виктор Осимхен (Наполи)
  9. Бернарду Силва (Манчестер Сити)
  10. Лука Модриќ (Реал Мадрид)
  11. Мохамед Салах (Ливерпул)
  12. Роберт Левандовски (Барселона)
  13. Јасин Буну (Севиља/Ал Хилал)
  14. Илкај Ѓундоан (Манчестер Сити/Барселона)
  15. Емилиано Мартинес (Астон Вила)
  16. Карим Бензема (Реал Мадрид/Ал Итихад)
  17. Хвича Кварацхелиа (Наполи)
  18. Џуд Белингам (Борусија Д./Реал Мадрид)
  19. Хари Кејн (Тотенхем/Баерн)
  20. Лаутаро Мартинес (Интер)
  21. Антоан Гризман (Атлетико)
  22. Ким Мин-џе (Наполи/Баерн)
  23. Андре Онана (Интер/Манчестер Јунајтед)
  24. Букајо Сака (Арсенал)
  25. Јошко Гвардиол (Лајпциг/Манчестер Сити)
  26. Џамал ​​Мусиала (Баерн)
  27. Николò Барела (Интер)
  28. Рандал Коло Муани (Ајнтрахт/ПСЖ)
  29. Мартин Одегард (Арсенал)
  30. Рубен Диаш (Манчестер Сити)

Сите досегашни победници:

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе