ЛИГС КУП 2023

Меси со нов гол го однесе Интер Мајами до финалето на Лигс купот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, ноќеска беше стрелец во тримфот на Интер Мајами над Филаделфија Јунион, со што клубот на Дејвид Бејкам избори пласман во големото финале на американско-мексиканскиот Лигс куп.

Ова беше шести натпревар за Аргентинецот во неговиот нов клуб по доаѓањето од ПСЖ, а со оглед на тоа што досега на сите натпревари постигнуваше гол, не е изненадуваше што повторно се запиша во листата на стрелци.

Домашната мрежа ја начна Венецуелецот Хосеф Мартинес уште во 3. минута, а потоа Меси во 20-тата со прецизен удар од далечина го дуплираше водството. Овој гол е за него 9-ти во дресот на тимот од Флорида.

Аргентинскиот виртуоз доби топка на 30-ина метри од противничкиот гол, се намести и ја погоди малата мрежа од голот на јамајканскиот голман Андре Блејк.

URL

Дилемата околу прашањето за победникот и дефинитивно беше решена во судиското надополнување на првиот дел кога гол првенец за својот нов клуб постигна Жорди Алба. Филаделфија успеа да намали преку Алехандро Бедоја во 73. минута, но десетина минути подоцна Хондуранецот Давид Руис ги постави конечните 4:1.

Remote video URL

Со тоа Интер Мајами се избори за големото финале каде за пехарот ќе се бори со Нешвил, кој беше подобар од Монтереј со 2:0. Меси по неполни два месеца во новиот клуб има шанса да го освои својот прв трофеј. Финалето е закажано за 20 август рано утрото во 3 часот по македонско време. Ќе се иугра на „Жеодис Парк“ во Нешвил.

Уште поважно за Интер Мајами е фактот што со плчасманот во финалето, а без разлика на исходот таму, избори пласман во групната фаза од Лигата на шампионите на Северна Америка, нешто шпто сезонава преку МЛС тешко дека ќе го направи со оглед на тоа што е последен на табелата вои Источната конференција. Со доаѓањето ан Меси тоа многу веројатно ќе се промени, но за да дојде до местата пшто водат вои Лигата на шампионите едноставно има многу бодови за надоместување.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Фудбал

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more
 

Спорт

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе