Меси: Жал ми е што не работев со Мурињо и Фергусон

Играч каков што е Лео Меси секој тренер би го посакал во својот тим, но нема многу фудбалски експерти со кои Меси би сакал да соработува, а со кои досега не работел.

Според неговите зборови, од сите фудбалски тренери најмногу му е жал што никогаш не бил во ист клуб со Жозе Мурињо, а нагласи и дека особено го почитува Алекс Фергусон.

„Ги почитувам сите тренери со кои сум работел и од секој од нив имам научено по нешто корисно, што потоа ми помогна низ кариерата. Сепак, двајца тренери со кои никогаш не сум имал прилика да соработувам, а кои многу ги почитувам се Алекс Фергусон и Жозе Мурињо“, рече Меси, а потоа обајсни.

„Фергусон ме гушкаше и бакнуваше дури и кога го победувавме Манчестер Јунајтед. Тогаш не знаев многу добро англиски, а тој ми зборуваше нешто што не можев да го разберам, но по говорот на неговото тело видов дека е сјајна личност. Што се однесува до Мурињо, за него ме поврзуваат многу анегдоти, секогаш ме смееше. Се сеќевам дека пред едно Ел Класико, додека го водеше Реал Мадрид, ми рече: 'Лео, си облекол погрешна маица и се наоѓаш на погрешната страна на теренот. Оди во соблекувална да се пресоблечеш и придружи му се на Роналдо на загревање'. Навистина ми е жал што никогаш не соработував со него“, раскажа Меси.

Бидејќи Фергусон е во пензија Меси нема повеќе шанса да работи под него, додека Мурињо сѐ уште е во тренерските води и моментално ја води Рома. Шпекулациите велат дека Меси на лето ќе си замине од ПСЖ, но тешко е за верување дека би се преселил во Рома. Од друга страна, пак, исто така е тешко за верување дека Мурињо во блиска иднина ќе седне на клупата на Барселона, каде што шпекулациите велат дека Меси ќе се врати. Како и да е, Меси сѐ уште има фора да соработува со Мурињо, доколку некако им ес поклопат патиштата.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе