Мицкоски: Барањата на Бугарија резултат на авантуристичката политика на Владата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во коментар на новата блокада од Бугарија за евроинтеграциите на државава, оценува дека барањата на нашиот источен сосед се резултат на авантуристичката политика која ја има нашата Влада во изминативе години. Треба, порача Мицкоски, да покажете став и да се држите до црвените линии.

– Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ сериозно го загрози евроинтеграцискиот процес на Македонија со авантуристичката политика која ја води во дипломатијата и за жал се наоѓаме сега во оваа ситуација. Народот ова не го заслужува, туку заслужи да се отпочнат преговори со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да докажеме дека сме компетативни и дека заслужуваме место на иста маса рамноправно со земјите од ЕУ, изјави Мицкоски при посетата на Општина Градско, одговарајќи на новинарско прашање.

Националните отстапки кои се на понуда од Заев и Владата, додаде Мицкоски, немаат крај, бидејќи и барањата на нашиот источен сосед исто така се големи и практично се резултат на авантуристичката политика која ја има нашата влада изминативе години.

– Сега има нови предлози за преговори од 6 месеци, нови разговори на ниво на комисии, но никој не ја кажува вистината, а вистината откако поинаку беше протолкувано на новиот бугарски премиер ја кажаа неколку бугарски политичари меѓу кои Џамбаски кој е најголем македономразац на Балканот и тие кажаа што лежи позади блокадата. Тоа е дека ја сметаат Македонија за втора бугарска земја и дека се додека не биде делумно  или целосно усвоена бугарската резолуција ние нема да добиеме можност да почнеме преговори со ЕУ, рече Мицкоски.

Сѐ останато, дополни, е авантуризам и нарушување на преговарачките позиции, колку повеќе „коленичат„ Заев и Османи, толку поголеми ќе бидат барањата на нашиот источен сосед.

– Не е европска вредност и дипломатија ако коленичите, туку треба да покажете став и да се држите до црвените линии. Треба да работите и дома да има ниско ниво на криминал, а не да ви фаќаат по еден тон дрога како се шверцува, да може да има инвестиции, економија која оди напред, компетативно образование, реформиран здравствен систем, нагласи Мицкоски.

Во одговор на прашање за воведување една изборна единица истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за демократијата и демократските процеси во земјата вклучувајќи ја и темата за изборниот модел. Политичките партии, посочува, треба да покажат определен квалитет.

– Слушнав дека неколку пратеници гласно зборуваат за реформа во изборниот модел и ние сме тука, подготвени сме да разговараме, да го видиме тоа на маса, да видиме која  е замислата, една, три, да остане истиот модел, со цензус, колкав би бил тој цензус и така натаму, има некаков изборен праг бидејќи знаете демократијата нема да добие ако поединци влезат во Парламентот и пратеничкото столче го користат како што бевме сега скоро сведоци за еден таков пратеник за себе пазарење и за непринципиелни прифаќања на понуди кои што се случија изминатиот период би рекол и години, започнувајќи со онаа трговија за време на уставните измени. Така што, да покажат треба политичките партии некој определен квалитет, да има определен праг, подготвени сме да разговараме зошто да не, нагласи Мицкоски.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе