Мицкоски: Предлогот е ултиматум и бугарски диктат

Јас и ВМРО-ДПМНЕ во таков процес нема да бидеме соучесници. Ќе се бориме за вистината и против ваквиот нокаут во македонската дипломатија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Предлог кој е ултиматум за иднината на нашата Македонија, предлог кој е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија. За таков предлог одговорот е – не благодарам. Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше, а до кој дојдовме ние по наши канали, всушност е истиот, кој веќе еднаш беше одбиен, нагласи Мицкоски.

Со жалење морам да констатирам, истакна тој, дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот и во делот на идентитетот.

– Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата, како Ковачевкси, Османи и Маричиќ, ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име, не ја говори вистината или да бидам подиректен - ве лаже. Затоа, имаме два документа, два процеса, сменети зборчиња, семантичка инверзија, кои Владата ни ги кажува како успех, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на иницијативата за протест пред Владата утре во 19 часот.

– Го повикувам целиот народ, без разлика на верата, политичката определба или каква друга припадност да се приклучи во изразувањето на таквото народно незадоволство. Повикувам на обединување и на висока свесност за тешките удари кои оваа влада ги прави на нашата Македонија. Или ќе се каже гласно „НЕ“, или потоа ќе се нема право на приговори. Затоа да излеземе и гласно кажеме „НЕ БЛАГОДАРАМ“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе