Мијалков останува во притвор, судот ја одби гаранцијата од 11 милиони евра

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од речиси 11 милиони евра. Предлогот е одбиен и покрај позитивното мислење од Обвинителствотот за прифаќање на понудената гаранција за пуштање на Мијаклов од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

Кривичниот суд соопшти дека Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека се уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги предвид видот и карактерот на кривичните дела како и висината на изречената казна.

– 1. Имено, обвинетиот во предметот со КОК бр. 60/17, од обвинителството означен како „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а зо која надлежното обвинителство предложи определување мерка притвор. Воедно обвинетиот во предметот со КОК бр. 47/17, од обвинителството означен како „Таргет – тврдина“, со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против истото лице се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство токму по предлог на надлежното обвинителство.

2. На постоење на опасноста од бегство, заради која мерката притвор беше предложена од обвинителот и прифатена од судот,  упатува и фактот дека обвинетиот по определување на мерката куќен притвор во предметот со КОК. бр. 47/17 ( „Таргет – тврдина“)  повеќе од 24 часа беше недостапен на органите на прогон, што води до заклучок дека по прифатена гаранција и укинување на мерката притвор, може повторно да биде недостапен на органите на прогон.

3. Ја известуваме јавноста дека јавниот обвинител по поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција на 18.05.2021 година даде мислење да се уважи предлогот, НО претходно на 22.04.2021 год. и 04.05.2021 год. до судот има доставено мислења да се одбие предлогот за укинување на мерката притвор со предложената гаранција.

4. Водејќи се по член 150 ст.3 од ЗКП согласно кој судот е тој што по слободна оценка одлучува дали ќе определи гаранција и кој ќе биде износот на истата, а во правец на претходните две негативни мислења на ЈО, Кривичниот совет не се согласува со проценктата на обвинителството дека висината на понудената гаранција претставува доволен основ за замена на мерката притвор со гаранција, с енаведува во соопштението од Кривичниот суд – Скопје.

Ова решение за одбивање на предогот за укинување на притворот на Мијалков не е правосилно, и против него странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во рок од три дена по приемот.

Обвинителството вчера потврди дека ја прифатило понудената гаранција од Сашо Мијалков од над 10 милиони евра за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“.

- Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, соопштија од ЈО.

Мијалков беше осуден за незаконска набавка на опрема за следење на интернет комуникација со што го оштетил Буџетот за над 800.000 евра.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе