Милевски и Барди пред дуелот со Гибралтар: Секој пораз боли, но мора да мислиме на целта

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа завршниот тренинг пред неделниот натпревар против Гибралтар во Скопје, во кој избраниците на селекторот Благоја Милевски по поразот од Грузија (0-3) влегуваат со императив да победат и да останат во трка за првото место во Групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации.

– Наша обврска е да бидеме на нивото и да го даваме максимумот. Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и на утрешниот натпревар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу повеќе конкретни во завршната фаза, изјави попладнево селекторот Милевски на официјалната прес – конференција.

Македонскиот селектор нагласи дека се соочува со проблемите околу составот на тимот за утрешниот дуел.

– Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елиф Елмас е под знак прашалник, а имаме неколку играчи кои, исто така, се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Валон Етеми, тој може да дебитира на овој дуел, рече македонскиот селектор.

Капитенот Енис Барди посочи дека поразот од Грузија не ја нарушил позитивната атмосфера во репрезентацијата.

– Нè боли секој пораз. Но, мора да мислиме напред. Јас можам да гарантирам дека секој играч го дава максимумот, но фудбалот понекогаш е таков. Мора да се оди напред и да одиме кон нашата цел. Мора да продолжиме да играме добро, а атмосферата во тимот уште е истата и посакуваме подобри резултати, изјави Барди. 

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе