Македонските претставници во гласањето за избор на фудбалер на годината на ФИФА гласаа реално, со мали разлики.
Селекторот Благоја Милевски најмногу бодови му даде на Жоржињо, потоа на победникот Роберт Левандовски, а на крајот на Лео Меси.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, своите гласови ги распореди на тој начин што придонесе за победата на полскиот голгетер доделувајќи му најмногу, на второ место го стави Лео Меси, а на трето Кристијано Роналдо.
Од медиумите, наш претставник беше Мијалче Дургутов, долгогодишниот новинар на легенадерниот СКОК. И тој направи добар и правичен избор најмногу бодови доделувајќи му на Левандовски, потоа на Жоржињо и на Мохамед Салах како трет.
Сите гласови ФИФА ги објави јавно и можат да се погледнат со клик тука.