Мисијата не успеа - по 50 години САД се обидоа да испратат вселенско летало на Месечината

Макфакс/Кајгана
/ 09.01.2024 / 09:09

Astrobotic Technology, компанијата која го разви лунарниот лендер Peregrine, објави помалку од 24 часа по неговото успешно лансирање дека се откажува од мисијата за слетување на лендерот на Месечината. Компанијата наведува дека имало критична загуба на погонско гориво поради истекување во леталото.

По успешното лансирање од Кејп Канаверал на Флорида и одвојување од ракетата, Peregrine не можел да се постави во положба свртена кон Сонцето, најверојатно поради проблем со погонот и не можел да ги полни батериите, пишува CNN. Тоа беше првата американска мисија за слетување на Месечината од 1972 година, односно од ерата на мисиите Аполо. Ако сè се одвиваше според планот, лендерот требаше да слета на Месечината на 23 февруари.

Remote video URL

Покрај научните инструменти на НАСА, лендерот превезувал и пратки од две други компании. Фирмата Celestice објави дека нејзината пратка содржи 69 индивидуални останки, вклучувајќи ги и оние на починатиот креатор на „Star Trek“ Џин Роденбери, писателот на научна фантастика Артур Кларк и куче по име Индика-Нудл Фабиано.

Клиентите плаќале цени почнувајќи од 12.995 долари за испорака, според веб-страницата на компанијата. Народот Навахо, најголемото домородно племе во Америка, изрази загриженост поради присуството на кремирани човечки останки на леталото, нарекувајќи ја мисијата „сквернавење“ на Месечината, која има свето место во нивната култура.

Remote video URL

Што се однесува до научниот аспект, НАСА имаше пет инструменти на Peregrine за мерење на нивото на радијација, површинскиот и подземниот воден мраз, магнетното поле и екстремно тенкиот слој на гас – егзосферата. Мисијата беше да се анализира составот на егзосферата на Месечината и да се следи како таа се менува во текот на осум или повеќе денови на Земјата.

Peregrine, исто така, требаше да истражи како точно молекулите на водата се ослободуваат од површината во текот на денот и повторно се заробуваат ноќе, односно подобро да нѐ води до механизмот зад циркулацијата на водата на Месечината.

Во август минатата година Индија стана четвртата земја досега која успеа да изврши меко или контролирано слетување на Месечината, откако Русија не успеа да го стори тоа во истиот месец. САД, Кина и поранешниот Советски Сојуз се единствените кои досега го постигнале тоа.

Меко слетување на Месечината, или кое било друго небесно тело, значи контролирано спуштање на вселенско летало на површината без значително оштетување на леталото и/или неговите научни инструменти.

Тешкото слетување се однесува на спуштање на земја, при што има значителни оштетувања на леталото и при кое често доаѓа до губење на контакт. Овој тип на слетување може да биде намерно или планирано, но може да биде и неуспешен обид за меко слетување.

Мисијата Peregrine беше организирана како дел од програмата на НАСА за истражување на Месечината, Arthemis. Друга приватна американска компанија во рамките на истата програма на НАСА планира да го лансира својот лендер во февруари на ракетата Falcon 9 на SpaceX.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе