МНР формираше работна група која ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година

Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со последните изјави на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика за именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, што претставува 80% од упатените.

– Професионализацијата на дипломатијата останува еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи и во периодот што претстои, за што се покренати повеќе иницијативи за кои јавноста е веќе запознаена, меѓу кои и нов предлог закон за МНР со кој процентот на обврска за упатување дипломати од кариера ќе се зголеми од сегашните најмалку 33 на 75%, соопштија од МНР.

Меѓу другите иницијативи, како што се наведува во соопштението, во Министерството е формирана работна група, која ќе ги проверува сите именувања и упатувања на амбасадори и генерални конзули од 2006 година до денес и ќе подготви компаративна анализа.

Целта на анализата, како што посочија од Министерството, е да се проверат сите детали и околности под кои се упатувани, како и квалитетот на кандидатите кои како први лица во ДКП-ата ја претставуваат земјава во странство. По завршувањето на анализата, таа ќе се презентира пред јавноста.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе