ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Му даваше голови и се тепаше со играчите - сега потпишува за Интер

Филип Здравески
/ 17.07.2023 / 13:34

Откако му истече договор и истиот не му беше продолжен од страна на Јувентус, колумбискиот репрезентативец се одлучи за крајно неочекуван потег.

Хуан Куадрадо низ осумте сезони во дресот на Јуве најмногу се прослави на натпреварите против Интер. Често даваше голови, асистираше, но и се тепаше. Сега ќе го облече токму црносиниот дрес.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Куадрадо веќе се договорил со Интер за едногодишен договор, а медицинските прегледи се закажани за деновиве, по што ќе биде ставен и потпис на договорот.

URL

Хуан Гиљермо Куадрадо Бељо во мај наполни 35 години. Кариерата како дете ја почна во Атлетико Урабá, а низ младинската школа на Индепендиенте од Меделин се проби во сениорскиот фудбал. Оттаму дојде во Удинезе, играше како позајмен за Лече, потоа три сезони блескаше во Фиорентина, па следуваше трансфер што требаше да му биде врв на кариерата - во премиерлигашот Челси. Англискиот фудбал се покажа дека не му лежи, па откако одигра само 15 натпревари си замина по само една година, па тоа лето 2015 година почна авантурата во Јуве, која заврши тек сега. Куадрадо во 8 години во клубот од Торино одигра 314 натпревари, постигна 26 голови и асистираше 65 пати.

Омилен противник му беше токму Интер против кого одигра и најмногу натпревари - дури 26. На Интер му има дадено и најмногу голови од било кој друг противник - 6, а против Интер има добиено и најмногу картони и тоа дури 10 жолти и 1 црвен. Токму овој играч сега ќе игра за Интер, трансфер со кој „Нераѕурите“ ќе решат едно гајле - повеќе нема да играат против овој страшно мотивиран противник - сега тој ќе игра за нив.

А, тие 10 жолти не ги доби бадијала, половина му се за тепачки и караници. Последната таква беше пред само три месеци кога се тепаше со голманот Самир Хандановиќ, а претходно влезе во дуел и со Ромелу Лукаку. Интересно, двајцата само што си заминаа од Интер.

URL
URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе