СЕРИЈА А 2019/20

Му се исполни желбата на Пандев, победи и во дербито на Џенова

Филип Здравески
/ 23.07.2020 / 10:16

Синоќа на Горан Пандев му се исполни една од последните неостварени желби во фудбналската кариера: да победи во големото градско Дерби дела Лантерна.

На „Луиџи Ферарис“ во Џенова синоќа се одигра едно од четирите градски дербија на Чизмата. Сампдорија и Џеноа ги вкрстија копјата, а на крајот се радуваше тимот на нашиот Пандев.

Без навивачи, кореаографијата на терен, наместо на трибини

Токму Пандев кумуваше на првиот гол. Во 22. минута Пандев прв стигна до топката во казнениот простор на условно кажано домаќините по што Омар Коли наместо топката ја шутна ногата на Горан и главниот судија Марко Гуида покажа на белата точка.

Сигурен реализатор беше капитенот Доменико Кришито за кој сезонава ова е осми гол од пенал. Пандев доби асистенција бидејќи тој го изнуди пеналот.

Во 32. минута Сампдорија го израмни резултатот. Маноло Габјадини налета на една одбиена топка и со неговиот голгетерски инстинкт лесно ја заби топката во мрежата на Матија Перин.

Победничкиот гол за „Грифоните“ дојде во 72. минута преку данскиот интернационалец Лукас Лерагер кој со прецизен удар ја круниса борбеноста и упорноста на Филип Јагјело. Пандев го одигра целиот натпревар.

Remote video URL

Со оваа победа Џеноа и натаму има 4 бодови предност поред Лече, главниот ривал во битката за опстанок. Лече синоќа ја совлада Бреша со 3:1.

Пандев и соиграчите големата победа ја прославија пред празни трибини

Воедно, се исполни желбата на Пандев кој досега во четирите натпревари против Сампдорија (во дресот на Џеноа) немаше дерби победа. Сега, Пандев може да се пофали дека победил на сите градски дербија во Италија на кои настапил: римското, миланското и џеновјанското. Она што синоќа не успеа да го направи е да постигне гол во ова дерби, но тоа можеби наредната сезона.

А, пак, за Џеноа оваа дерби-победа е 25-та, Сампдорија има 39, додека 36 натпревари завршиле нерешено. Ова беше јубилеен 100. натпревар во сите официјални натпреварувања (74 во Серија А, 14 во Серија Би и 12 во Копа Италија).

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе