ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Мурињо не се откажува од Бејл и Али, сака да ги види спремни

Стратегот на Тотенхем сезонава имаше доста критики за Гарет Бејл и Деле Али, но нема намера да се откаже од нив сè додека не ги види на терен во најдобра форма.

„Добри играчи кои се фит, се спремни и можат да играат - секогаш се добредојдени. Ние тренерите понекогаш правимер погрешни одлуки, сите грешиме, но никој од нас не е луд“, Мурињо признава дека можеби и погрешил со двајцата кои мака мачат да се вратта во натпреварувачка форма.

„Никој од нас не би рекол 'Не сакам овој играч да ми помогне мене и на тимот' кога тој играч има потенцијал и и услови тоа да го направи“, рече тој говорејќи околу убедливиот пораз во саботата од Манчестер Сити со 3:0.

И двајцата поиграа иако недоволно подготвени, а згора на тоа Мурињо не може да смета и на повредените Серж Орје, Џовани Ло Селсо и Сергио Регилон.

„Ни недостасува Ло Селсо веќе долго време. Ни фали Регилон со недели. Доколку би ги имале, доколку би го имале Деле и Гарет фит и подготвени за игра, тоа би било големо засилување за тимот“, смета тој.

Али и Бејл влегоа во игра во вториот дел: Али во 64. минута на 2:0, а Бејл во 72. минута кога вече беше 3:0 и не помогнаа ниту да се ублажи поразот.

„Мислам дека Бејл беше ок. Со еден тренинг со тимот - толку. Се разбира дека не е подготвен за повеќе од ова. Но, напредува. Имаше една добра акција, можеше да постигне гол. Немаше проблеми по натпреварот, па останува да видиме дали ќе може да игра в четврток, ако не, тогаш наредниов викенд“.

Тотенхем во четврток има натпревар од Лига Европа против австриски Волфсбергер на гости на кој и двајцата може и да се најдат во стартните единаесет.

„Играчи со добар квалитет, кога се фит можат да допринесат за тимот, така да ако тој е фит и подготвен, добредојден е“.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе