МВР потврди: Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, разбиени 3 криминални групи, откриени дрога и оружје

Како што објави утрово Макфакс, во Сингелиќ и во Арачиново се претресуваа домовите на повеќе локации, а во акцијата учествуваа и специјалци, кои вршеа пребарувања во куќите. Акцијата, која беше во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја потврди и МВР.

Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции и со учество на тимови од Царинската управа, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи составени од лица од Скопје, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. По добиени наредби за претреси издадени од судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 27 локации во Скопје и од слобода се лишени 15 лица на возраст од 20 до 54 години, сите од Скопје, а по тројца (З.Н., Е.Ш. и Ш.С.) се трага. При извршените претреси на повеќе локации пронајдени и одземени се кокаин и марихуана, кои се предмет на вештачење, муниција, пиштол, патнички моторни возила, поголема сума девизни и денарски парични средства, мобилни телефони.

Remote video URL

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, денеска (17.05.2023), до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 18 лица од Скопје за сторени вкупно 20 кривични и тоа, и тоа против С.Р. (26), Р.Н. (20), А.Б. (37), Д.Г. (39), Е.А. (23), З.Н. (35), Ѓ.А. (34), М.Б. (33), Е.Ш. (25), Ш.С. (31), А.Р. (23) и Б.А. (33) за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, против М.Б. (32) за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и против И.А. (38), Д.А. (54), А.С. (27), О.Н. (39) и М.Б. (42) за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на трите организирани криминални групи е стекнување противправна имотна корист, која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во неколку случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција.

Во периодот од јули 2022 до мај 2023 година А.Р., како организатор, создал осумчлена организирана криминална група со цел купување, држење, пренесување, продавање и посредување во неовластена продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, во која членувале С.Р., Р.Н., А.Б., Д.Г., Е.А., З.Н. и Ѓ.А. и набавувал дрога од лица од Косово и Албанија, која ја криел на безбедни локации во с. Сингелиќ, Скопје, а другите членови вршеле нејзина понатамошна продажба на заинтересирани купувачи од Скопје, Велес и од други градови во државата. Некои од членовите биле задолжени да ја измерат и спакуваат во помали пакувања за нејзина понатамошна продажба, а преостанатиот дел од дрогата ја криеле во куќата кај А.Б.. Заради понатамошна продажба, по инструкции на организаторот, А.Б. го ангажирал Д.Г., а тој ги ангажирал Е.А., З.Н. и Ѓ.А. да најдат лица уживатели на дрога, на кои Д.Г. им ја доставувал со свое возило со цел да ја продадат за сума од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин, од 200 до 300 денари за грам марихуана и од 1.000 до 1.500 денари за грам амфетамин. Паричните средства од продажбата му ги давале на организаторот за што тој им давал одреден процент.

При реализацијата сузбиена е и една десетчлена организирана криминална група, чиј организатор е Б.А., во која некои од членовите биле инволвирани во недозволена трговија со оружје и муниција, а други биле инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година Б.А., И.А., Д.А., А.С., О.Н. и М.Б. дејствувале организирано заради неовластено држење, продавање и набавување поголемо количество огнено оружје и муниција. Организаторот Б.А. од лице од Косово неовластено набавил автоматска пушка калашников во калибар од 7,62 мм, а во повеќе наврати од Д.А., сопственик на стрелиште во Скопје, и од А.С., управител на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина муниција (800 куршуми во калибар од 7,65 мм и 300 куршуми во калибар од 7,62 мм), кои ги купувал по цена од 40 до 45 денари за куршум. За чување и продажба на оружјето организаторот ги ангажирал О.Н. и М.Б. и кога ќе најдел купувачи, по негови инструкции - О.Н. го земал оружјето од М.Б. од с. Орланци и го носел на договорена локација во Сингелиќ, каде што го продавале по цена од 1.000 евра. За транспортот О.Н. добивал по 50 евра, а другите пари од нелегалната продажба ги задржувал за себе. За набавка на муниција, организаторот го ангажирал И.А., кој од Д.А. и А.С. набавувал муниција и му ја давал на организаторот Б.А. на договорена локација, каде што било и заинтересираното лице, кое ја купувало за цена од 70 до 75 денари за куршум.

Некои од членовите на оваа организирана криминална група се инволвирани во уште една организирана група за недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година организаторот Б.А. набавувал дрога од лица од Косово и Албанија и ја чувал на безбедни локации, а за понатамошна продажба ги ангажирал членовите во организираната група М.Б., Е.Ш., Ш.С. и М.Б. да наоѓаат купувачи од Скопје и други градови заради неовластена продажба и пуштање во промет кокаин и марихуана. Членовите ги договарале видот, количината и цената, а по инструкции на организаторот, М.Б. го пренесувал кокаинот од с. Арачиново до Синеглиќ, каде што Б.А. ја продавал на заинтересирани купувачи, а Е.Ш. пренесувал кокаин и хероин од с. Арачиново и ги продавал на заинтересираните уживатели. За транспорт на дрога го ангажирал и М.Б., кој кокаинот го пренесувал и му го доставувал на Ш.С. во Шуто Оризари, кој го пакувал и го продавал на лица на подрачјето на Шуто Оризари за што од организаторот добивал одредена сума пари.

Лицата моментно се задржани во полициска станица, а по комплетирањето на доказниот материјал, ќе бидат изнесени пред надлежен судија.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе