ФОРМУЛА 1 2024

На доминацијата ѝ нема крај: Верстапен ја освои пол-позицијата во Австралија

Ф.З.
/ 23.03.2024 / 11:33

Холандскиот возач Макс Верстапен ја продолжи доминацијата во Формула 1 шампионатот и утринава во квалификациите за трката во Австралија.

На патеката „Алберт Парк“, Верстапен беше најбрз во борбата за најдоброто место на стартот на утрешната трка, а на крајот ја освои пол-позицијата со време 1:15.915.

Верстапен го остави зад себе Карлос Саинс во Ферари, кој постигна време од 1:16:185, додека третото место го зазеде тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перес (1:16.274).

Во топ 10 следат и Ландо Норис, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, а целокупниот редослед за стартот на утрешната трка можете да го погледнете во продолжение:

URL

Потсетуваме, Верстапен победи на првите две трки сезонава во Бахреин и Саудиска Арабија, па моментално води во поредокот кај возачите во Формула 1 шампионатот со 51 бод, пред Серхио Перез на второто место со 36 бодови.

Големата награда на Австралија е закажана за недела наутро од 6:00 часот со директен пренос на  Sport Klub 1.

реклама
 

Ново

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе
  • play_arrow

Сега и никогаш повторно: Како да ја видите кометата 3I/Atlas кога ќе помине покрај Земјата?

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе