По четиригодишна истрага, Премиер лига го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 случаи на кршење на финансиските правила на лигата.
Times истакнува дека вакво нешто е без преседан во историјата на фудбалот.
„Ако се докаже дека Сити е виновен, му се заканува одземање бодови или дури исфрлање од лигата“, пишува Мартин Зиглер, наградуван главен спортски известувач на еден од најугледните весници во светот.
BBC истакнува дека Сити е обвинет за кршење на горенаведените правила од 2009 до 2018 година и потсетува дека пред три години УЕФА го казни клубот со двегодишна забрана за учество во европските купови и уште 30 милиони евра за „сериозни прекршувања“ на финансиските фер-плеј од 2012 до 2016 година, но Високиот спортски суд (CAS) во Лозана ја поништи таа пресуда. CAS не само што го поштеди Сити од Европа, туку и ја намали финансиската казна од 30 на 10 милиони евра.
Но, новото обвинение против Сити, кое сега го покрена Премиер лигата, опфаќа двојно подолг период и дури 100 случаи на прекршување на финансиските правила.