ФИНА ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН 2021

На Охридското Езеро се одржува пливачкиот маратон

Во водите на Охридското Езеро денеска се одржува јубилејниот 50-ти Охридски пливачки маратон, прва од четирите трки на распоредот на серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Пливачите влегоа во водите на езерото на стартот на трката во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид. оддалечено 25 километри, се очекува да стигнат за приближно шест часа.

Временските услови за маратонот се поволни, температурата на водата е 25 Целзиусови степени, но мал проблем претставува умерениот северен ветар што го бранува езерото и дува спротивно од насоката на пливањето.

Меѓу 12 пливачи и 7 пливачки учесници на маратонот се неколку познати имиња, како Марк-Антоан Оливје од Франција, светски шампион на 5 километри, бронзениот медалист од Олимиписките игри во Рио де Жанеиро и шестопласиран на Олимпијадата во Токио, потоа неговиот сонародник Аксел Ремон, светскиот шампион на 25 километри за 2019 година, како и нашиот Евгениј Поп Ацев, победник на ФИНА Светската серија на Ултра маратони 2019 година. Од нашите маратонци во водите на езерото влезе и Александар Илиевски.

Кај жените на стартот, меѓу познатите се освојувачката на сребро на десеткилометарскиот маратон во Доха, Осеан Касињол, како и ветеранката и нам добро позната неколкукратна победничка на охридскиот маратон, Пилар Геихо од Аргентина.

Наградниот фонд на пливачкиот маратон изнесува 10 илјади долари, рамномерно распореден во двете категории.

Првиот Ултра маратон што требаше да се одржи во Канада е откажан, додека после охридскиот на распоредот се уште две трки: на патеката Капри во Италија и Росарио во Аргентина.

Ова е 50-ти пат светската пливачка елита да се собере на Охридското Езеро, а 35-та трка од возобновувањето на Охридскиот пливачки маратон.

Пренос во живо од маратонот ќе оди на МРТ3 од 15:45 часот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе