На Волстрит се тргува внимателно

Во вторникот на Вол Стрит се тргуваше претпазливо додека инвеститорите чекаат вести кои би можеле да го насочат пазарот, па берзанските индекси не осцилираа значително.

Dow Jones загуби 0,22 отсто, на 36.124 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,06 отсто, на 4.567 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,31 отсто, на 14.229 поени.

Во ноември, индексот S&P 500 скокна за речиси 9 отсто, благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, давајќи им на инвеститорите доверба дека американската централна банка го завршила циклусот на затегнување на монетарната политика и наскоро ќе започне со намалување на каматните стапки.

Сепак, во последниве денови се тргува претпазливо бидејќи пазарот за многу краток временски период порасна многу силно.

„ФЕД веројатно заврши со зголемувањето на каматните стапки, па најважното прашање сега е кога ќе почнат да ги намалуваат“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Пооптимистичките аналитичари проценуваат дека ФЕД би можел да започне со олабавување на монетарната политика веќе во март, додека пореалните тоа го очекуваат кон средината на следната година.

Сепак, тоа ќе зависи од трендот на инфлацијата и економијата во наредните месеци.

Еден патоказ ќе биде извештајот за вработување во САД за ноември, кој ќе биде објавен во петок.

Доколку продолжи забавувањето на вработеноста и растот на платите, тоа би значело дека инфлаторните притисоци би можеле дополнително да се намалат во наредните месеци, па ФЕД нема да има причина дополнително да ја заостри монетарната политика.

„Како што каматните стапки растат и побарувачката слабее, компаниите не вработуваат толку многу како порано, а тоа е она што го сака ФЕД“, објаснува Сем Стовал.

Но, ако се покаже дека вработеноста и платите се позначајно зголемени, берзата би можела да се најде под притисок бидејќи тоа би значело дека каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолг период отколку што се надеваат инвеститорите.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Додуша, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,31 отсто, на 7.489 поени, но франкфуртски DAX зајакна за 0,78 отсто, на 16.533 поени, а париски CAC за 0,74 отсто, на 7.386 поени.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе