Над два тони кокаин откриени во Ла Манш, никој не знае од каде е

Повеќе од два тони кокаин спакуван во кеси, со проценета пазарна вредност од речиси 150 милиони евра, беа откриени на францускиот брег во Ла Манш минатиот викенд и во средата, изјави во четвртокот добро информиран извор.

Во неделата наутро на плажата во Ревил, на северозапад, биле пронајдени неколку кеси со околу 850 килограми кокаин.

Во средата во Виси-сур Мер беа пронајдени уште шест кеси. Овој пат станува збор за тон и пол кокаин, што е вкупно 2,3 тони, „историска“ количина, вели изворот. Јавното обвинителство во Шербур започна истрага на почетокот на неделата.

Не е утврдено од каде се херметички затворените вреќи пронајдени на брегот. Тие можеби биле фрлени во морето за да се избегне контрола или можеби паднале од бродот во морето, рекол изворот.

Инспекторите се обидуваат да утврдат како дрогата стигнала на брегот. Полицијата соопшти дека „внимателно го следи“ секторот од воздух.

Ова не е првпат да се најде кокаин на францускиот брег. На крајот на 2019 година, на плажата од Сент Жан-де-Луз до Камарето беа пронајдени вкупно 1,6 тони кокаин.

На крајот на мај 2022 година, беше најден кокаин со тежина од околу 21 кг на плажата во Берк, на северот на Франција.

Во средата, на прес-конференција посветена на билансот во 2022 година во борбата против трговијата со дрога, Габриел Атал, министерот за финансии, извести за „историска“ заплена на 1,9 тони кокаин во пристаништето Авр, на северозапад.

Во 2022 година во Франција се запленети 27,7 тони од оваа дрога, што е зголемување за 5 отсто во однос на претходната година.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе