Нагорно-Карабах по примирјето: Преговори без резултати и остри предупредувања до Азербејџан од ОН

Откако пред неколку дена воените сили на Нагорно-Карабах потпишаа примирје со Азербејџан, со што барем засега е запрена војната, официјалните лица започнаа преговори. Паралелно со овој процес, во Советот за безбедност на ОН се водеше бурна дискусија токму за состојбата на Кавказ.

Според последните официјални информации, азербејџанските власти и Ерменците од Карабах седнале на преговарачка маса во градот Јевлах.

По средбата, претставникот на Нагорно-Карабах, Давид Бабајан, изјави дека бројни проблеми сѐ уште остануваат нерешени.

„Мораме да разговараме за многу прашања и проблеми. Конечниот договор сѐ уште не е постигнат“, рече Бабаџан, кој е инаку претседател на самопрогласената Република Арцах, во чиј склоп се наоѓа Нагорно-Карабах.

Советникот на претседателот на Азербејџан, Елчин Амирбеков, истакна дека е тешко да се очекува решение, но дека средбата може позитивно да се одрази на мировниот процес што се одвива на линијата Баку-Ереван.

URL

Паралелно со преговорите, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации се разговараше и за Нагорно-Карабах, каде беше употребена многу поостра реторика од претходно.

Претставничката на Франција, Катрин Колона, изјави дека никој не може да верува дека нападот од Азербејџан не бил намерен.

"По неколку недели собирање војници и воена опрема, Азербејџан одлучи да започне голема воена операција. Копнените и воздушните средства беа користени во големи количини, што предизвика последици и за цивилното население", рече Колона.

Слични размислувања сподели и шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок.

„Азербејџан избра начин да ја промени ситуацијата на терен со воена сила. Силно го осудуваме нападот на Баку и го повикуваме Азербејџан трајно да ги прекине своите воени операции. Потребен ни е целосен прекин на насилството. Депортација и присилна емиграција на етничките Ерменци од Карабах е неприфатливо“, порача Бербок.

Претставникот на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека прекинот на огнот ќе биде позитивен чекор во решавањето на проблемот.

„Сепак, ситуацијата на теренот и понатаму е тешка. Ние сме длабоко загрижени поради извештаите за насилство врз цивили. Меѓународната мисија која ќе влее доверба кај народот на Нагорно-Карабах ќе биде важна“, рече американската функционерка.

Во меѓувреме, многу жители на Нагорно-Карабах ги напуштија своите домови и се упатија кон Ерменија, односно деловите каде што се наоѓа рускиот мировен контингент, кој ја контролира областа од мировниот договор во 2020 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе