Audi RS3 Performance Edition го придвижува добро познатиот 2,5-литарски турбо бензински мотор со пет цилиндри, кој во овој случај развива 410 коњски сили.
Од одделот Audi Sport пристигна уште еден „специјален автомобил“ во ограничена серија, чија основа беше најмалиот модел на Audi што ја носи ознаката RS, а резултат на најновиот развој е RS3 Performance Edition, со кој од Инголштад велат моментално го имаат најбрзиот автомобил во сегментот Ц.
Audi Sport ќе направи само 300 примероци од RS3 Performance Edition, а купувачите кои ќе реагираат навреме ќе можат да избираат меѓу шест бои на каросеријата. Најбрзиот автомобил во својата класа го придвижува познатиот 2,5-литарски турбо бензински мотор со пет цилиндри, кој наместо стандардните 400, развива 410 коњски сили. Вредноста на највисокиот вртежен момент (500 Nm) остана непроменета.
Преносот на моќноста кон двете оски (quattro) се управува со 7-брзински автоматски менувач, а споменатиот потенцијал на моторот е доволен за забрзување од 0 до 100 км/час за 3,8 секунди и максимална брзина од 300 км/час, што се нуди на клиентите кои ќе се одлучат за опционалниот пакет RS Plus Dynamic.
Автомобилот „сквотира“ на бандажи од 19 инчи со гуми Pirelli P Zero Trofeo R, а долгата листа на стандардна опрема вклучува и карбон-керамички сопирачки. издание за кое Audi бара 87.000 евра. Првите примероци ќе бидат доставени до клиенти на почетокот на следната година.
Погледнете го од секој агол во нашата МЕГА ГАЛЕРИЈА.