Најчестите грешки што ги правиме кога вежбаме

А.С.
/ 06.12.2023 / 14:21

Повеќето луѓе сакаат пократки тренинзи затоа што тоа им одзема помалку време, и тоа е една од придобивките на тренингот со висок интензитет, но има неколку грешки што веројатно ги правите секој ден и со тоа си правите лоша услуга.

Еве како можете да ја пренасочите вашата рутина за вежбање да биде поефикасна.

1. Вежбате исклучиво на справи

Иако вежбањето на справи е ефикасно и секој треба да ги вметне во својата рутина, ова е една од класичните грешки при вежбањето. Справите за вежби за сила го ограничуваат вашето движење на однапред одредена рамнина на движења, што значи дека ги активирате само големите мускули. Така, вежбањето само на справи не ги ангажира сите мускулни групи, па ваквата рутина има многу краткорочен ефект врз телото.

2. Чекате до доцна навечер за да вежбате

Вежбањето само навечер е подобро отколку воопшто да не вежбате, но студиите покажуваат дека можете да ги оптимизирате тренинзите со насочување кон одредено време од денот, во зависност од целите.

Ако вежбате за да ослабете, можеби е најдобро да го направите тоа навечер. Попладневните или вечерните часови се оптимални за градење мускули и зголемување на силата. За да го задржите фокусот во текот на денот, клучно е да вежбате помеѓу пладне и 18 часот. За да го подобрите крвниот притисок, одлучете се за утрински тренинг. Утринскиот тренинг помага во намалување на нивото на крвниот притисок во просек за 20 проценти.

3. Ги заборавате малите мускули

Бицепсот, стомакот и квадрицепсот обично ја добиваат целата слава, но сепак има цела низа мускули што треба да ги активирате и вежбате.

Ако ги занемарите малите мускули, може да доведете до проблеми со држењето на телото кои можат да се манифестираат како болка и повреда.

Користењето еластични ленти и вежби кои вклучуваат пореални движења кои ни се секојдневно потребни, може да ви помогнат да се насочите кон оние важни, иако помалку познати, мускули.

4. Погрешна рутина после тренинг

Ако вашето опоравување после тренинг се состои од истегнување од две минути и туш, време е да го смените тоа. Вакви грешки во тренингот можеби не изгледаат големи, но како што стареете, ќе почнете да ги чувствувате нивните ефекти во зглобовите и мускулите, со што повредите и болките ќе бидат неизбежни.

Кога мускулите работат напорно, се појавуваат тромбови кои предизвикуваат формирање нодули или адхезии во мекото ткиво.

5. Се мачите со трчањето

Ако се принудувате да трчате, запомнете дека сè не е во брзината. Всушност, луѓето кои трчаат побавно имаат тенденција да живеат подолго. Маратонците всушност не го зголемуваат својот животен век во споредба со луѓето кои воопшто не вежбаат.

Велосипедизам или планински велосипедизам се само некои од начините да внесете кардио во вашиот живот. Пливање исто така. Пронајдете нешто што ќе ви биде забавно и корисно истовремено и зголемете ги шансите да се држите до рутина за вежбање.

реклама

Фит

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе