СЕРИЈА А 2020/21

Најдобриот играч на Аталанта ја „спука“ со Гасп и најави заминување

Шок во Бергамо. Алехандро Гомес е на излезна врата од Аталанта поради големи несогласувања со тренерот Џан Пјеро Гасперини.

„Драги навивачи аталантисти, ви пишувам овде бидејќи нема друг начин да се бранам и да зборувам со вас. Само сакам да ви кажам дека кога ќе си заминам ќе се открие вистината. Вие ме познавате и знаете каква личност сум. Ви посакувам сѐ најдобро, вашиот капитен“, напиша популарниот Папу Гомес на Instagram, а потоа го избриша напишаното.

Тој објави и фотка со својот агент Алехандро Накарато со што веднаш потпали шпекулации дека бара нов клуб уште за во зимскиот преоден рок.

Гомес и Гасперини се скараа на натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите одигран на први месецов кога Аргентинецот беше заменет на полувреме. Потоа одигра 90 минути на наредниот натпревар со Ајакс, но во неделата со Фиорентина преседа на клупата за резерви. Гасперини потегот го оправда дека на Гомес му требал одмор.

„Не знам како ќе се надмине ситуацијава. Ќе одлучи управата, но како и да е мораме секогаш да гледаме кон иднината и да не застануваме бидејќи ќе ризикуваме да назадуваме. Папу за нас беше најважен играч годинава, но поставувањето како вечен играч веќе стана комплицирано“, изјави Гасперини.

32-годишниот Гомес е дел од Аталанта од 2014 година кога пристигна од редовите на украински Металист. Сезонава на 15 натпревари постигна 5 голови и 4 асистенции во Серија А и во Лигата на шампионите, додека минатата сезона одигра 46 натпревари на кои постигна само 8 голови, но дури 18 пати асистираше.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе