Најдобрите начини да се ослободите од главоболка без помош на лекови

Главоболката најчесто се појавува поради стрес, преголеми психичко оптоварување, ненадејни временски промени, пушење цигари, но и од многу други причини.

Повеќето штом почувствуваат болка веднаш посегнуваат по лекови, но малкумина знаат дека аналгетиците предизвикуваат зависност.

Дознајте како природно да се ослободите од болката, а притоа да ја избегнете замката на зависност од аналгетици.

Масажа

Масажата не бара потребни услови, а може да релаксира и смири, да ги ублажи воспаленијата, да го подобри протокот на крв во мозокот, но и квалитетот на сон.

Ако болката не е силна, обидете се со лесна масажа на врвот на главата, масирајте 5 минути со врвовите на прстите. Со лесни движења обидете да ги триете ушните реси 2 минути. Оваа техника го смирува нервниот систем и помага да се ублажи главоболката.

Етерични масла

Аромата на етерични масла не само што го ублажува стресот, туку го подобрува расположението и помага при смирување на болки. Околу 10 минути масирајте ја кожата на главата со масло од мента или лаванда. Ако оваа техника не помогне, нанесете масло на пределот на слепоочниците и челото, може и да го вдишете околу 5 минути во континуитет.

Чај со мед

Подеднакво ефикасен начин да се ослободите од главоболка е чај од нане со мед. Штом ги почувствувате првите симптоми сварете си чај и пијте двапати во текот на денот.

Лед

Болката предизвикана од стрес и тензија може да се ублажи со ладни облоги. Намокрете крпа во студена вода или замотајте коцки мраз во ленена крпа и ставете на темето, најчесто таму се јавува болката. Не користете лед на мускулите и меките ткива бидејќи може да ја засилите болката.

Топла облога

Болката предизвикана поради нарушена циркулација среде мускулна спазма може да се ублажи со ширење на крвните садови. Ставете пластично шише наполнето со топла вода на врат, топла облога или едноставно истуширајте се со топла вода.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе