Најголемиот брод за крстарење во светот исплови од Мајами, еколозите загрижени

Најголемиот брод за крстарење во светот, Icon of the Seas, тргна на своето прво крстарење од Мајами, Флорида. но веќе предизвикува загриженост поради емисиите на метан.

Крузерот долг 365 метри има 20 палуби и може да прими најмногу 7.600 патници, а е во сопственост на Royal Caribbean Group. Од Мајами тргна на седумдневно патување на Карибите, но еколозите предупредуваат дека ќе испушти штетен метан во атмосферата, со оглед на тоа што користи LNG, односно течен природен гас.

Крузерот е изграден во бродоградилиште во финскиот град Турку, регистриран е на Бахамите, а покрај бројните содржини има и седум базени и шест тобогани. Неговата изградба чинеше две милијарди долари, а гостите ќе можат да посетат повеќе од 40 ресторани, барови и салони.

Иако LNG согорува „почисто“ од традиционалните поморски горива како што е мазутот, постои ризик гасот да „избега“ и да предизвика истекување на метан во атмосферата. Метанот е многу помоќен стакленички гас од јаглерод диоксидот.

„Ова е чекор во погрешна насока. Проценуваме дека користењето LNG како гориво за бродови испушта повеќе од 120 отсто повеќе емисии на стакленички гасови во животниот циклус отколку стандардното поморско гориво“, рече Брајан Корнер, директор на Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT).

Претходно оваа недела, ICCT објави извештај во кој се наведува дека емисиите на метан од бродовите со LNG се повисоки од она што го претпоставуваат сегашните регулативи.

Метанот во атмосферата задржува 80 отсто повеќе топлина од јаглерод диоксидот во период од 20 години. Намалувањето на овие емисии се смета за клучно за забавување на глобалното затоплување.

Royal Caribbean вели дека бродот за крстарење е енергетски поефикасен за 24 отсто отколку што бара Меѓународната поморска организација за модерни бродови. Инаку, планот на компанијата е до 2025 година да воведе во употреба net-zero брод.

Индустријата за крстарење е еден од најбрзо растечките сектори на туризмот, за кој особено се заинтересирани младите. Оваа индустрија придонесе за глобалната економија од 75 милијарди долари во 2021 година.

На церемонијата одржана по повод првото патување на бродот за крстарење присуствуваше и легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси.

Билетите за крстарење чинат помеѓу 1.723 и 2.639 долари по лице, додека за Божиќ ќе чинат 5.124 долари по лице.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Вести

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе