Најладниот народ: Зошто Швеѓаните не разговараат со странци?

Во многу култури започнувањето разговор со странец е задолжително и се смета за основна култура. Меѓутоа, тоа не е случај во Шведска. Овие Скандинавци сметаат дека неформалниот разговор е непотребен, бидејќи разговорот се користи за размена на вистински и значајни информации.

Швеѓаните сметаат дека неврзаниот разговор е залуден и го нарекуваат kallprat (калпрат) - ладен разговор или dodprat (додпрат) - мртов разговор. Со цел да се избегне влегување во овие ситуации, многу Швеѓани развиле вештина да избегнуваат контакт со очи и со непознати и со познаници.

Наместо да зборуваат, тие гледаат во телефоните или во излозите на улиците. За Швеѓаните, целта на разговорот е размена на значајни информации, а бесмислениот муабет едноставно не е потребен.

Ова оди дотаму што во Лулео, главниот град на најсеверната област во Шведска, жителите започнаа кампања „Säg hej“ (Сеј хеј - Кажи здраво) во која се поздравуваат на улица, објаснува BBC.

Градот се наоѓа толку далеку на север што жителите имаат само 3 часа сончева светлина во текот на зимата. Ова секако придонесува за нивната резервираност. Всушност, познато е дека луѓето во Лулео толку малку зборуваат меѓу себе што зборот „да“ често го заменуваат со нагло вдишување.

Remote video URL

Надвор од Лулео, странците во Шведска кои се обидуваат да започнат неформален разговор во продавница или кафуле, дури и со локалниот поздрав „хеј“, најверојатно ќе бидат пречекани со монотоно „хеј“ како одговор.

Експертите велат дека тоа се случило бидејќи Шведска е ретко населена земја, па често немало можност да се воспостават контакти со странци.

Според друго толкување, одбивноста кон разговорот може да биде поврзана со релативно ниското ниво на имиграција во Шведска до 60-тите години на минатиот век. Минималната изложеност на други култури ја направи реално мала веројатноста Швеѓаните да ја прифатат оваа навидум „нешведска“ практика.

Сепак, и покрај нивната навидум студена надворешност, Швеѓаните речиси секогаш ќе бидат љубезни и пријателски настроени, иако очигледно на поинаков начин од оние од „позборливите“ култури.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе