Најмалку 30 лица загинаа кога брод со мигранти потона во близина на италијанскиот источен брег, во регионот на Калабрија, објавија италијанските медиуми.
27 тела биле пронајдени на локалната плажа, а уште најмалку три биле забележани во водата, според АНСА.
Агенцијата Adnkronos јавува дека на бродот што превезувал мигранти имало повеќе од 100 луѓе и дека околу 50 луѓе биле спасени.
Бродот превезувал мигранти од Иран, Пакистан и Авганистан и се урнал на карпи поради разбрануваното море, се додава во извештајот. Италијанската крајбрежна стража моментално е недостапна за коментар.