Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

BMW X3 под кодно име G45 ќе ги задржи сите типови на погони во понудата.

Минатата година најпродаван модел на BMW беше X3 со над 350.000 продадени примероци. Така, X3 ја престигна познатата Серија 3. Затоа, не е чудно што Баварците решија да го задржат моделот во продажба и да го стават до моделите на Neue Klasse.

Обновување по 7 години

Новиот X3 пристигнува по седум години, а ќе ја користи истата платформа CLAR. Како и да е, менаџерот на проектот Мартин Делиц изјави за Autocar: „Реконструиравме многу елементи, вклучително и шасијата, за да обезбедиме уште поширок опсег на карактеристики на возење и дополнителна удобност при возењето. Електричната архитектура е исто така нова, што ни овозможува да понудиме поефикасни опции за возење и понапредни системи за помош при возење“.

Тоа ќе биде и првиот модел со нова номенклатура, кој повеќе не ја користи буквата „i“ во името на бензинските модели. Дизелите, пак, ќе го задржат „d“, а plug-in хибридите „е“.

Да, новиот X3 ќе ги нуди сите типови на погони, од xDrive 20(d) до верзијата M50, единствената со шест цилиндри. Кога станува збор за хибридот, тој добива поголема батерија од 18,9 kWh, а со тоа и зголемен електричен опсег. Секако, X3 M ќе дојде подоцна, а сите ќе можат да се пофалат со поаеродинамична форма со помала висина и поширока ширина.

Подолг, а понизок

Со должина од 4755 мм и ширина од 1920 мм, X3 порасна за 42 мм, односно 23 мм. Сепак, неговата висина е намалена од 1676 мм на 1660 мм. И покрај проширувањето, меѓуоскиното растојание останува 2865 мм, но трагите на предните и задните тркала се малку пошироки.

Зголемената вкочанетост, поголема трага на тркалата и опционална адаптивна суспензија ќе обезбедат подобри возни карактеристики во споредба со сегашната генерација.

Во кабината, пак, очекуваме дигитален кокпит со оперативниот систем OS9 и некои компоненти од серијата 5 На пример, воланот е познат од петте, а ќе биде и инспирација за изгледот на централната конзола. Поголем е и багажникот, за 20 литри до стандардните 570 литри.

Четвртото издание на популарниот BMW SAV ќе биде и технолошки најнапредно. Најавени се дури 40 системи за помош, вклучувајќи AR дисплеј и камера од 8 MP за препознавање објекти, заедно со дополнителни камери и ултразвучни сензори.

Цените и точниот датум кога ќе се појави на пазарот ќе бидат објавени подоцна.

Remote video URL
Тагови
реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Многумина се борат со несоница, една билка е спас за тој проблем

Read more

Мексиканскиот Залив стана Американски на Google Maps

Read more

Авто новости

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Read more

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Read more

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Read more

По 50 години пристигнува наследникот на Lada Niva

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе

По 50 години пристигнува наследникот на Lada Niva

Читај повеќе

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Читај повеќе

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Читај повеќе

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Читај повеќе

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Читај повеќе