Намирници кои го чистат организмот од никотин

Ако сте престанале со пушење цигари или сте страстен пушач, овие намирници можат да го ублажат негативното дејство на цигарите и да започнат процес на чистење на организмот.

Брокула, карфиол, зелка

Освен што содржат полифеноли корисни во намалувањето на различни воспаленија во дигестивниот систем, исто така содржат и антиоксиданси кои го чистат телото од токсини.

Варете ги што пократко за да ги сочувате нивните вредности.

Зелен чај

Со пушењето телото ја губи потребната течност, па организмот побрзо доаѓа во состојба на дехидратација. Пиењето зелен чај, кој е преполн со антиоксиданси, е корисен начин да го исфрлите никотинот од телото.

Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа нуспојава, јадете што повеќе моркови. Содржат голема количина витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на организмот.

Од морковот може да направите сок во комбинација со јаболко и лимон во соковник или да го рендате свеж во салата.

Киви, лимон и портокал

Содржат витамини А, Ц и Е кои го подобруваат имунитетот и помагаат организмот да се избори против различни инфекции и бактерии. За да ги надополните изгубените витамини јадете киви или испијте чаша лимонада.

Сокот од портокал го хидрира телото, ги дава сите потребни витамини и го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додаете малку вода и пијте го сокот меѓу оброци.

реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе