Наполи официјално го преименува стадинот во чест на Марадона

Нема повеќе стадион „Сан Паоло“ во Неапол. Од денеска стадионот на кој настапува тимот на Наполи ќе го носи името на својот легендарен играч, Диего Армандо Марадона.

Градскиот совет на Неапол едногласно ја одобри резолуцијата за преименување на најголемиот стадион во градот во чест на аргентинската ѕвезда. Стадионот не е во сопственост на клубот, туку на градот, за затоа требаше одобрение од градските власти.

Резолуцијата ја предложи градоначалникот Луиџи Де Маџистрис и тоа само неколку часа по веста дека Марадона почина.

Диего Марадона остнави траен белег во тимот од Кампанија. Осум сезони беше дел од клубот играјќи 259 натпревари во сите натпреварувања збогатени со 115 голови. Во последните 15 месеци, односно втората половина од сезоната 1990/91 како и целата наредна 1991/92 ги мина под суспензија откако падна на тест за кокаин.

Сепак, Марадона на „Партенопеите“ им ги донесе единствените две Скудета во историјата на клубот во 1987 и 1990 година. Воедно, ги освои и Копа Италија (1987), УЕФА Купот (1989) и италијанскиот суперкуп (1990).

Стадионот „Сан Паоло“ е пуштен во употреба на 6 декември 1959 година, реновиран е во 1990 и последен пат лани. Има капацитет од 54.726 гледачи. Првично се викал „Дел Соле“, односно стадион на сонцето, а името според патронот на градот го добил во 1963 година. Нагалено го викаат уште и „Фуоригрота“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе