Наполи со емотивно видео се збогува од Елмас, навивачите бесни на управата

Филип Здравески
/ 28.12.2023 / 11:28

Елиф Елмас и официјално повеќе не е фудбалер на Наполи откако синоќа стави потпис на договорот со бундеслигашот Лајпциг.

По 4 и пол години минати во клубот од Неапол, Елмас одлучи да си замине во потрага по поголема минутажа. Во Наполи остави 189 натпревари во сите конкуренции, 19 постигнати голови и 11 асистенции, како и освоено едно Скудето и една Копа Италија.

Клубот знаеше како да му се заблагодари за поминатите 4 и пол години, па објави компилација од некои од неговиоте најдобри моменти во дресот на тимот од под Везув.

„Ти благодариме за емоциите што ни ги подари. Сега те чека нов предизвик, а ние секогаш ќе бидеме тука да навиваме за тебе. Чао Елиф“, твитна клубот.

URL

Во коментарите под видеото се забележуваат негодувањата на навивачите на „Партенопеите“ поради заминувањето на Елмас. Тие сметаат дека Наполи прелесно се откажал од одличен играч кој пополнувал повеќе позиции во тимот и дека неговото заминување е уште еден чекор назад на клубот кој по освојувањето на Скудетото лани оди само во надолна линија, пад кој почна со разделбата со тренерот Лучано Спалети.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе