2.МФЛ 2023/2024

Направена жрепката за новата сезона во втората лига, нема откажувања

Филип Здравески
/ 04.08.2023 / 12:49

Денеска во просториите на ФФМ се одржа жрепката за претстојната сезона во македонската втора фудбалска лига.

Фото: Филип Здравески

Откако почетокот на жрепката од 10:30 часот беше поместен точно на пладне на барање на два клуба кои во 5 за 12 ја уплатија котизацијата за учество, конечно со сите 16 екипи на број ФФМ го направи жребувањето.

Сезоната ќе започне в сабота, на 12 август, со сите натпревари закажани за 17:00 часот. Двојките за 1. коло се:

Башкими 1947 – Охрид
Победа – Тетекс
Осогово – Беса 1976
Беласица – Пелистер
Новаци – Арсими
Саса – Скопје
Детонит Плачковица – Вардар (Н)
Кожуф – Караорман

Има шест различни клубови од минатата сезона: Победа и Скопје испаднаа од 1.МФЛ, додека Башкими 1947, Новаци, Осогово и Вардар (Н) доаѓаат како победници од третите лиги.

На крајот на сезоната, првите две екипи изборат пласман во 1.МФЛ со тоа што третопласираната екипа ќе игра бараж против 10-то пласираната екипа од прволигашкото друштво. Последните две екипи (15-то и 16. место) ќе испаднат во третолигашките групи, додека 14-топласираната екипа ќе влезе во баражите за пополнување на 2.МФЛ сезона 2024/2025 заедно со победниците од петте третолигашки групи. Победниците од трите баражи ќе изборат пласман во втората лига.

Комплетниот распоред може да го симнете во PDF со клик тука.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе