Научници: Имунитетот на коронавирусот може да трае со години

Две нови студии покажуваат дека имунитетот кон коронавирусот може да трае најмалку една година, а можеби и доживотно. Студиите покажаа дека имунитетот се зголемува со текот на времето, особено по вакцинирањето.

На повеќето луѓе кои прележале COVID-19 и кои биле вакцинирани подоцна нема да им треба дополнителна доза на вакцината, сугерираат студиите. Луѓето кои биле вакцинирани против COVID-19 и никогаш не се заразиле, веројатно ќе треба дополнителна доза. Истото важи и за луѓето кои биле заразени со коронавирус и немаат развиено доволно силен имунолошки одговор.

Двете студии анализирале лица кои биле изложени на коронавирус на почетокот на оваа година. Клетките кои ја задржуваат меморијата на вирусот преживуваат во коскената срж можат да активираат антитела кога и да е потребно, според едно истражување објавено во списанието Nature.

Друга студија, објавена на BioRxiv, открила дека таканаречените мемориски B клетки продолжуваат да созреваат и зајакнуваат најмалку 12 месеци по првичната инфекција.

„Написите се во согласност со сѐ побројната литература што сугерира дека имунитетот предизвикан од инфекција и вакцинација против SARS-CoV-2 се чини дека е долготраен“, вели имунологот Скот Хенсли.

Резултатите од овие студии го ублажуваат стравот дека имунитетот е минлив, како што е случајот со грипот. Хенсли наведува дека вирусите кои предизвикуваат грип и настинка се менуваат со текот на времето и дека тоа е причината зошто можеме да се заразиме со овие вируси повеќе пати во текот на животот.

Мемориските B-клетки произведени како одговор на инфекцијата со SARS-CoV-2 и засилени со вакцинација се толку моќни што спречуваат дури и варијанти на вирусот, негирајќи ја потребата за дополнителна зголемена доза на вакцината, објасни имунологот Мишел Нузенцвајг.

„Луѓето кои биле заразени и биле вакцинирани, имаат одличен имунолошки одговор бидејќи антителата продолжуваат да се развиваат. Очекувам антителата да траат долго “, вели Нузенцвајг.

Резултатот можеби нема да се однесува само на заштитата добиена од вакцината, бидејќи имунолошката меморија по вакцинацијата најверојатно ќе биде организирана поинаку во споредба со онаа по природна инфекција. Ова значи дека на луѓето кои немале корона и кои биле вакцинирани, сепак можно е да им биде потребна дополнителна засилена доза на вакцината, објасни Нузенцвајг. Тој додаде дека наскоро ќе се знае повеќе за тоа.

Експертите се согласуваат дека имунитетот ќе биде различен кај луѓето кои никогаш немале COVID-19, пишува The New York Times. Борбата против жив вирус е различна од имунолошкиот одговор што се гради по вакцинацијата. Покрај тоа, кај луѓето кои прележале ковид, имунолошкиот одговор имал време да созрее шест до 12 месеци пред да ја примат вакцината.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе