Научници открија како изгледала детската игра во праисторијата

Добро познат факт е дека децата не можат да одолеат на калливите езерца. А најновото откритие покажува дека во последните неколку илјади години ништо не се променило во овој поглед.

Деца кои пред најмалку 11.000 години пешачеле со своите семејства долж сегашниот национален парк „Вајт Сендс“, наишле на необични базени од кал создадени од отпечатоци од стапала оставени од џиновски мрзливец и скокнаа во калливото езерско корито за да си играат.

Отпечатоците, кои сугерираат дека играта најверојатно вклучувала четири деца, откриваат дека една од популарните занимации во праисторијата била бркање и прскање низ калливиот базен на исушеното езерско корито.

Калливи езерца со игралишта за време на праисторијата

Професорот по геологија од Универзитетот во Борнмут во Обединетото Кралство, Метју Бенет, кој учествуваше во проучувањето на патеката, потврди дека бркањето низ калливите езерца било секојдневна рутина за децата во праисторијата.

Тој ги заснова своите тврдења на долгогодишно проучување на отпечатоците оставени од луѓето и животните во „Вајт Сендс“, вклучувајќи го и откривањето на 23.000 години стари отпечатоци пронајдени во близина на новооткриените.

Последните откриени детски отпечатоци, тврди тој, настанале над отпечатоци направени од џиновски мрзливец. Денес изумрениот вид на џиновски мрзливец - Нотротериопс (Nothrotheriops), кој зад себе оставил уникатен отпечаток во форма на бубрег, а како што додава Бенет, се создал со стапнување на местото каде што се втиснати предните шепи, што создава единствена форма во земјата.

Интересен податок е дека секое од стапалата на џиновскиот мрзливец е речиси 40 сантиметри, што значи дека сигурно бил со големина на крава или мечка. Отпечатоците очигледно биле плитки, но сепак доволно длабоки за да не се наполнат со вода и да ги заинтересираат децата да ги истражат.

Преку детална анализа и споредба, тој открил дека низ патеката направена од мрзливецот има повеќе од 30 отпечатоци од стапала, најверојатно на деца на возраст од 5 до 8 години.

„Многу често наоѓаме детски отпечатоци во 'Вајт Сендс', најверојатно затоа што исто како и денешните деца, овие млади трчале наоколу, оставајќи стотици отпечатоци дневно“, додаде Бенет.

Децата и возрасните од групата, според неговото мислење, речиси сигурно биле сточари кои се држеле заедно додека барале храна и следеле животни. Иако е предизвик без присуство на органска материја да се даде прецизен одговор на прашањето колку се стари пронајдените отпечатоци, постојат одредени индиции кои можат да дадат насоки.

Бенет наведува дека тој и неговиот тим заклучиле од приближно 20.000 години стари отпечатоци пронајдени во горните слоеви и фактот дека џиновските мрзливци изумреле пред околу 11.000 години, дека откриените детски стапалки веројатно биле направени некаде помеѓу овие два настана.

реклама

Вести

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Read more

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Read more

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Read more

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Read more
 

Гик

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Читај повеќе

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Читај повеќе

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Читај повеќе

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Читај повеќе

Nintendo Switch 2 се очекува во јуни, позната и цената

Читај повеќе

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе