Научници тврдат: Животот на Венера е поверојатен од било кога

Со екстремни температури, урагански ветрови и интензивна вулканска активност, Венера се чини како последно место во нашиот Сончев Систем каде би барале знаци на живот. Но, ново истражување наведува дека би можел да постои во киселите облаци на оваа планета.

Втората планета од Сонцето често се нарекува и Земјина сестра порани нејзината слична големина, маса и густина, но тука сличностите доаѓаат до својот крај. За разлика од нашата планета, температурите на Венера достигнуваат 464°C (не, не е грешка во куцање - 464!) бидејќи атмосферата е воглавно составена од јаглероден диоскин кој ја задржува топлината. Во минатото Венера имала океани кои можеби содржеле живот, но целата вода испарила.

Сепак, додека животот на површината е невозможен, тој би можел да вирее во облаците од сулфурна киселина кои ја обвиваат планетата. Неодамнешно истражување објавено во понеделникот во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences тврди дека тие облаци може да излезат далеку попогодни за живот отколку што досега се мислеше.

Тимот предводен од Сара Сигер, астрофизичарка и планетарен научник при Технолошкиот институт во Масачусетс, создал хемиски модел на атмосферата на Венера кој „претпоставува дека облаците не се целосно направени од сулфурна киселина, туку се делумно составени од кашеста маса на амониумова сол, која можеби е резултат на биолошко создаден амониум во облачните капки“.

Тоа значи дека облаците не се покисели од некои екстремни средини на Земјата каде има живот, тврди студијата.

Амониумот е есенцијален за многу биолошки процеси, а неговото присуство во облачните капки можеби сугерира дека „животот можеби си создава свои средини на Венера“, вели проф. Сигер.

„Истражувањето сугерира дека има амониум во атмосферата и дека овој синџир на хемиски реакции навистина се случува. Навистина убава последица од тоа е што некои од облачните капки на Венера можеби се попогодни за живот отколку што претходно се мислеше“, вели таа говорејќи за Inverse.

Сигер беше помеѓу истражувачите кои во 2020 година сигерираа за присуството на фосфин - уште еден животоподдржувачки гас - во облаците на Венера, а последното истражување е континуитет на таа студија.

Сепак, таа потенцираше дека погодноста за живот на атмосферата на Венера засега е само хипотеза, и воедно искажа надеж дека „во иднина можеби ќе се обидеме да донесеме на Земјата примерок од облак за да провериме сами“.

реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе