Научниците најдоа бактерија од чума стара 5 илјади години

Антички череп од човек кој живеел во Латвија може да ја крие тајната за тоа како црната чума убила милиони луѓе низ Европа во најсмртоносната пандемија во човековата историја.

Истражувачите од Универзитетот во Кил, Германија, синоќа открија дека бактеријата позната како Yersina pestis била откриена во примероци земени од останките на ловец-собирач пронајдени во Латвија. Нивниот труд објавен во научното списание Cell вели дека човекот, кој бил во неговите 20-ти години, живеел пред околу 5 илјади години.

Ова откритие може да има големо влијание врз разбирањето на сегашните и идните пандемии. Научниците велат дека оваа рана варијанта на црната чума веројатно била помалку заразна и помалку смртоносна од онаа која ги опустошила Европа и Азија убивајќи помеѓу 75 и 200 милиони луѓе во периодот од 1347 до 1351 година. Причинител на болеста била токму бактеријата Yersina pestis.

Бен Краузе-Кјора, член на тимот кој стои зад откритието, за списанието New Scientist вели дека бактеријата веројатно почнала како бенигна инфекција пред да еволуира и да стане многу смртоносна.

„Веројатно била хронична, сеприсутна инфекција. Секако, редизвикувала смрт, но веројатно не била толку сериозна како што потоа станала во Средниот век“, вели тој.

Сепак, високата концентрација на бактерија пронајдена во фрагмент од черепот сугерира дека латвискиот праисториски човек бил еден од несреќниците. „Да се има јасна слика на раната еволуција на овој смртоносен патоген е навистина интересно. Гледаме дека била похронична и побезопасна на почетоците пред да стане многу посмртоносна“, додава Краузе-Кјора.

Сепак, оваа хипотеза ја ставаат во прашање други универзитети велејќи дека сѐ уште нема доволно докази за да се донесе заклучок дека првите инфекции биле многу поподносливи.

На почетокот од минатиот месец, руски научници објавија дека вратиле во живот антични микроскопски организам, познат како ротифера, која минала 24.000 години во сибирскиот мраз. Суштеството се врати во живот, почна да се храни и да се размножува.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе