Навални од затвор: Овде е како во концентрационен логор

Откако беше осуден на две и пол години затвор, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за првпат се огласи на социјалните мрежи од затворската единица на 100 километри оддалеченост од Москва, по неколкунеделен медиумски молк.

Иако руски активисти тврдеа дека точната локација на Алексеј Навални во моментов не е позната, главниот противник на Владимир Путин реши да проговори по неколку недели шпекулации, од затворската единица ИР-2 во Покрово и да ги опише животните услови во овој неславен руски затвор.

Како што се наведува, Навални најверојатно им ја диктирал содржината на соопштението на своите адвокати, кои ги пренеле неговите зборови на тимот задолжен за комуникација на социјалните мрежи.

„Три работи никогаш не престануваат да ме воодушевуваат. Ѕвезденото небо над затворот, категоричниот императив што доаѓа од нас и неверојатното чувство кога со дланката ќе поминам преку избричената глава. Поздрав до сите од сектор А кои се под засилен надзор“, вели навални во почетокот на објавата.

Во продолжение на соопштението, Навални зборува за условите во затворот и ја опишува затворската единица во Покрово како „концентрационен логор“.

„Морам да признаам дека рускиот систем ме изненади. Не знаев дека може да се организира вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва. Сè уште не сум забележал знаци на насилство, иако атмосферата меѓу затворениците е крајно напната. Верувам во многу приказни што доаѓаат од Покрово. Една од нив е дека тепале затвореници со дрвени чекани, речиси до смрт. Сега методите се променија и искрено не можам да се сетам на место каде што сите се љубезни како тука. Сега ова го нарекувам пријателски концентрационен логор“, вели Навални во објавата.

„Забрането е пцуење и користење жаргонски зборови. Оваа забрана строго се почитува. Камерите има насекаде, а во случај на најмало дело може да добиете пријава. Мислам дека надредените го читале романот на Орвел ‘1984’. Меѓутоа, ако набљудуваш сè со одредена доза хумор, можеш да преживееш“, вели Навални.

Тој на крај опиша низа други детали од затворската единица, наведувајќи дека на секој затвореник има исцртано фотографија и име на градите.

Покрај тоа, Навални ја искористи можноста да ги поздрави сите истомисленици на крајот од објавата и да испрати порака до сите руски активисти да не губат контакт со своите најблиски.

Три вещи не перестают меня удивлять. Звездное небо над нами, категорический императив внутри нас и изумительное...

Posted by Алексей Навальный on Monday, March 15, 2021
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Read more

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе