Навални: Сите да излезат на улица и да се борат за мир

МИА/КАЈГАНА
/ 02.03.2022 / 11:45

Рускиот опозиционер, кој е во затвор, Алексеј Навални на Twitter објави свое видување за војната во Украина и ситуацијата во Русија.

Навални во затворот нема пристап до интернет и се претпоставува дека му диктирал на својот адвокат.

„Не можеме да бидеме кукавици кои се преправаат дека не ја гледаат агресивната војна на лудиот император. Ние – Русија сакаме да бидеме нација на мирот. За жал, малкумина можат да нè наречат сега така. Но, во најмала рака можеби нема да станеме нација на исплашени, замолчени луѓе. Кукавици кои се преправаат дека не ја забележуваат агресивната војна што ја води лудиот цар против Украина“, напиша Навални.

Тој додаде дека „не може, не сака и оти нема да молчи и гледа како псевдоисториски настани од пред сто години се изговор Русите да убиваат Украинци, а тие бранејќи се, убиваат Руси“.

„Во 20-тите од 21 век гледаме вести за луѓе кои горат во тенкови и бомбардирани куќи. Ги гледаме на телевизија заканите за започнување нуклеарна војна. Јас сум од СССР. Таму сум роден. Главната фраза на СССР од моето детство беше ‘борба за мир’. Ги повикувам сите да излезат на улица и да се борат за мир“, посочи Навални.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе