СЕРИЈА А 2023/2024

Навивачите на Интер купија 50.000 свирчиња за да го пречекаат Лукаку

Кога Рома ќе му гостува на Интер на „Меаца“, Ромелу Лукаку ќе биде поздравен со ужасно гласно пиштење откако навивачите на „Нераѕурите“ набавија 50 илјади свирчиња специјално за неговото доаѓање.

Голгетерот играше за Интер две години пред да се пресели во Чесли, каде имаше неуспешна авантура. Минатата сезона се врати во Милано како позајмен и сите очекуваа по финалето од Лигата на шампионите да се договори за перманентен трансфер во Интер.

Но, тогаш како гром од ведно небо стигна веста дека Лукаку тајно преговарал трансфер во Јувентус, лутиот вечен ривал на Интер. Потоа се криеше од управата на Интер, а не одговараше ниту на повиците на соиграчите, вклучително и најблиските другари од соблекувалната.

Стана јасно дека меѓу Интер и Лукаку приказната заврши во јуни, па Челси мораше да му најде друг клуб. Преговорите на „Сините“ со Јуве пропаднаа, па Лукаку ем остана без Интер, ем му извиси трансферот.

Потоа во игра влета Рома со Жозе Мурињо. Се договорија со Челси за едногодишна позајмица, па на Лукаку му се оствари желбата да игра во Серија А. Така, денес белгискиот колос ги брани боите на Рома.

Навивачите на Интер се чувствуваат и тоа како предадени од постапките на Лукаку, па едвај чекаат да му го истурат сиот гнев кога за прв пат ќе истрча на „Меаца“ како противник, на 29 октомври годинава.

„29 октомври е датумот што треба да го заокружиме во календарот за да бидеме подготвени да му овозможиме да го слушне целото наше гадење кое го чувствуваме кон оној што ни го заврте грбот на најсрамниот можен начин“, стои во соопштението објавено од навивачката група Курва Норд.

„Личност што докажа дека е мало човече, бидејќи пред да бидеш шампион треба да си човек и да знаеш како да си го одржиш зборот. Те браневме со извадени мечови, а ти ни се оддолжи вртејќи ни го грбот. Пред натпреварот со Рома, Курва Норд ќе подели 50.000 свирчиња за да бидат користени при секој допир на топката од страна на оној што го предаде нашиот дрес“, се додава.

„Ајде сите да покажеме како треба да биде третиран некој што се докажал недостоен да го носи овој дрес“, завршува објавата на навивачите на Интер.

Марко Матераци, легендарниот играч на Интер од триплетата во 2010, е сигурен дека Лукаку нема добро да помине на тој натпревар.

„Верувам дека нема да добие убаво добредојде од навивачите. И тој го знае тоа. Ќе биде третиран лошо. И тоа е нормално затоа што двапати го предаде Интер. Првиот пат му простија“, рече популарниот Матрикс.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе