НБ ја намали проекцијата за БДП на -4,9 проценти за годинава, догодина раст од 3,9 проценти

Пад од 4,9 проценти на бруто домашниот производ за годинава, а раст од 3,9 проценти во наредната година, предвидува Народната банка, со што направи надолна ревизија на пролетните проекции со кои за годинава  прогнозираше пад од 3,5 проценти на БДП и закрепнување во наредната година со раст од 4,7 проценти.

Тоа, според гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска, е последица на подолготрајноста на пандемијата и нејзиното влијание врз сите пунктови на економијата.

– Правиме надолна ревизија на проекциите за развој на домашната економија во целиот период на проекции. Во 2020 проектираме пад на економската активност од 4,9 проценти наспроти пад од 3,5 проценти во април и априлскиот циклус на проекции во услови на послаби остварувања во првата половина од оваа година и оценки за поспоро закрепнување во втората половина, имајќи ги во предвид вториот бран на пандемијата. На среден рок предвидуваме постепено, но доумерено закрепнување на економската активност со стапки на раст од 3,9 проценти, 3,6 проценти и 4 проценти во 2021, 2022 и 2023 година соодветно. Оваа стапка на раст значи дека економијата би се вратила на преткризно ниво во текот на 2022 година, рече на денешната видео прес-конференција гувернерката Ангеловска-Бежоска.

За разлика од априлските проекции, како што појасни, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на COVID-19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година.

Закрепнувањето на економската активност во следните две години се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитните текови, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто, според НБ, релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка.

-Најновите оценки за периодот 2020-2023 гoдина упатуваат на продолжени ефекти од пандемијата, напроти априлските оцени за пократкорочен карактер на здравствената криза. Проекциите за домашната економија укажуваат на поголем пад оваа година и поумерено натамошно закрепнување, рече Ангеловска-Бежовска.

Таа прецизираше дека се очекува пад кај сите компоненти на БДП освен кај јавната потрошувачка. Најголем пад ќе има кај бруто инвестициите од 12,8 проценти, личната потрошувачка се проектира со пад од четири проценти, а извозот од 11,7 проценти.

Падот кај бруто-инвестициите е во услови на намалени странски директни инвестици, како и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор, а на личната потрошувачка поради падот на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка. Додека намалувањето на извозот е како резултат на намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири на снабдување. Намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот, пак, ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно увозот ќе се намали за околу 12 проценти.

Се очекува инфлацијата на среден рок да се задржи на умерено ниво. За годинава се прави нагорна ревизија од нула на 1,1 процент, а за наредните две години се задржува на проекцијата од 1,5 проценти и два проценти.

Од 2021 година, според гувернерката, ќе има закрепнување со позитивен придонес на сите компоненти на растот во услови на поповолно надворешно и домашно окружување и намалена неизвесност, што поволно влијае врз одлуките за инвестирање и потрошувачка, коишто ќе бидат поддржани и од солидна кредитна активност.

Според Ангеловска-Бежоска, и покрај шокот предизвикан од пандемијата, надворешната позиција на економијата останува стабилна. Во однос на тековната сметка, оваа година се очекува дефицит од 3,7 проценти од БДП, што претставува мало проширување во однос на претходната година, движено од помалиот суфицит кај приватните трансфери. Мерките за ограничување на вирусната инфекција и рестрикциите во меѓународното движење на луѓето доведоа до изразен пад на дознаките во готовина, делумно ублажен од пренасочувањето на девизните приливи преку формалните канали. За следниот период се очекува мало проширување на дефицитот во размената на стоки и услуги, при закрепнување на извозот, но и поголеми увозни притисоци во услови на подинамична економска активност. Од друга страна, нормализацијата на состојбата со пандемијата се очекува до доведе до постепен раст на приливите од дознаки. Во вакви околности, дефицитот во тековната сметка ќе остане умерен на ниво од 2,6 проценти од БДП во 2021 година, и се оценува негово намалување на 1,6 проценти од БДП во просек во следниот период.

-Во однос на финансирањето, со оглед на непречениот пристап до меѓународните финансиски пазари, се очекува дополнително надворешно задолжување и на јавниот и на приватниот сектор, но и прилив од странски инвестиции, најави Ангеловска-Бежоска.

Кредитните текови во првите девет месеци од оваа година се повисоки од очекуваните, во услови на подинамичен раст на депозитната база од очекуваниот и понатамошно релаксирање на кредитните услови. Со оглед на подобрите остварувања, наведе Ангеловска-Бежоска, правиме нагорна ревизија за 2020 година ‒ депозитен раст од 4,4 проценти и кредитен раст од 5,3 проценти, на годишна основа, а потоа постепено забрзување со што растот би достигнал до околу 8 проценти.

Како што велат од Народната банка, ризиците околу проекциите и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на COVID-19. Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното повторно воведување на строги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како одговор на веќе актуелниот втор бран на пандемијата, како и евентуалното побавно справување со вирусот од тековните очекувања. Но, од друга страна, побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност.

реклама

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе